Не сите во Ливерпул го прифатија џентлменски поразот од Челси по кој екипата од „Енфилд роуд“ веројатно ја загубија шансата по 24 години повторно да ја освои титулата во Премиерлигата.
Поранешниот фудбалер на „црвените“, Џими Кејс, го нарече идиот менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, поради тоа што за време на натпреварот ја провоцираше публиката, а влезе и во конфликт со капитенот Стивен Џерард.
– Мурињо се однесуваше идиотски, со сите влегува во конфликт и веројатно тоа го прави бидејќи е болен. Тој е идиот – изјави Кејс кој играше за Ливерпул од 1973 до 1981 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.