Реванш натпрерот меѓу Вардар и Фленсбург во Скопје беше еден од највозбудливите во Лигата на шампионите, но Вардар за жал не успеа да приреди чудо, но сепак можат да останат со крената глава.
Тренерот на Фленсбург не го криеше воодушевувањето по пласманот на фајналфор турнирот во Келн.
– Не знам што би кажал, ова беа два меча во кои се е еднакво, а ние одиме понатаму поради гол повеќе на гостински терен. Знаевме дека ќе биде густо и беше густо… Мислам дека во првото полувреме одигравме оптимално, но во вториот дел не стигна заморот, а Вардар знаеше како да го искористи тоа. Влегувавме од грешка во грешка, домаќините дури и стигнаа до солидна предност, но морам да ги пофалам моите играчи бидејќи покажаа дека се способни да се вратат во мечот и да стигнат до посакуваниот резултат.
– И Вардар можеше да оди во Келн, морам да му честитам на Раул за извонредната работа што ја врши со овој тим. Јасно беше дека во Келн има место само за еден од двата тима, мило ми е што ние стигнавме до тој билет. Морам да им честитам на сите Македонци, може да бидете горди на она што го имате овде, публиката беше навистина фантастична – изјави по натпреварот тренерот на Фленсбург, Љуба Врањеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.