| четврток, 6 декември 2018 |

Николче Новески – Ква­ли­те­тен ма­ке­дон­ски пан­цир во Бун­дес­ли­га­та

Ни­кол­че Но­ве­ски е ед­на од нај­у­ба­ви­те ма­ке­дон­ски спорт­ски при­каз­ни, мо­дел за скро­мен и ти­вок чо­век во при­ват­ни­от жи­вот и ви­стин­ски во­ин на игра­ли­шта­та во Гер­ма­ни­ја, и тоа во нај­ква­ли­тет­ни­от ранг – во Бун­дес­ли­га­та.

Цврст ма­ке­дон­ски пан­цир ме­ѓу Гер­ман­ци­те и сто­ти­на­та ква­ли­тет­ни фуд­ба­ле­ри од си­те кон­ти­нен­ти кои на­ста­пу­ва­ат во ед­но од пет­те нај­до­бри пр­венс­тва во Евро­па. Бун­дес­ли­га­та ну­ди не­ве­ро­јат­но до­бар и атра­кти­вен фуд­бал и те­шко е да се би­де дел од ма­гич­но­то фуд­бал­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње кое со де­це­нии е во вр­вот на свет­ски­от фуд­бал.

Но­ве­ски ве­ќе це­ла де­це­ни­ја, од 2004 го­ди­на, е член на фуд­бал­ски­от клуб Мајнц, а мо­мент­но е и ка­пи­тен на бун­дес­ли­га­шот и го пред­во­ди во тр­ка­та за на­стап на европ­ска­та сце­на.

Приз­на­ние од лу­ти­от ри­вал Ајн­трахт Фран­кфурт

Столб и ко­ман­дант на од­бра­на­та на ти­мот од Мајнц, за кој во Гер­ма­ни­ја и со­и­гра­чи­те, но и про­тив­ни­ци­те го­во­рат са­мо со су­пер­ла­ти­ви.

– Ни­кол­че е еден од нај­до­бри­те де­фан­зив­ци во ли­га­та, а ду­е­ли­те про­тив не­го и Мајнц се со по­се­бен шарм за си­те нас од Ајн­трахт Фран­кфурт. Тоа е го­ле­мо дер­би во ре­ги­о­нот и се на­де­вам де­ка ќе ги по­ра­зи­ме и ка­пи­те­нот на Мајнц и не­го­ви­те со­и­гра­чи – из­ја­ви Алекс Ма­јер, мо­то­рот на еки­па­та на Ајн­трахт Фран­кфурт, пред ло­кал­но­то дер­би на Рај­на.

Два­та лу­ти ри­ва­ли што учес­тву­ва­ат во ед­на од најз­на­чај­ни­те фуд­бал­ски прес­ме­тки во Гер­ма­ни­ја си по­де­ли­ја по ед­на по­бе­да во те­ков­но­то пр­венс­тво, а Но­ве­ски бе­ше ме­ѓу нај­до­бри­те по­е­дин­ци на два­та ду­е­ла.

– Тоа се по­себ­ни ду­е­ли, со спе­ци­јал­но зна­че­ње, и за нас игра­чи­те и за на­ви­ва­чи­те. Ко­га игра­ме про­тив Ајн­трахт, вед­наш се чув­ству­ва де­ка се ра­бо­ти за по­се­бен пре­стиж, за нат­пре­вар што не смее да се за­гу­би, на кој е важ­но да из­ле­зе­те ка­ко по­бед­ник. Сре­ќен сум во Мајнц и се на­де­вам де­ка на кра­јот ќе се из­бо­ри­ме за на­стап во европ­ски­те ку­по­ви – ве­ли Но­ве­ски.

Мајнц на три рун­ди до кра­јот на гер­ман­ски­от шам­пи­о­нат се на­о­ѓа на сед­ма­та по­зи­ци­ја со 47 бо­да, што е до­вол­но за на­стап во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за Ли­га­та на Евро­па. Но­ве­ски и со­и­гра­чи­те има­ат со­лид­ни 4 бо­да пред­ност пред глав­ни­от кон­ку­рент Аугс­бург. Плас­ман на европ­ска­та сце­на е рам­но на чу­до за Мајнц, еки­па од ко­ја ре­чи­си ни­кој во Гер­ма­ни­ја не оче­ку­ва­ше ви­сок плас­ман. Но, пред­во­де­ни од ка­пи­те­нот Но­ве­ски, клу­бот што е ре­ла­тив­но мал во спо­ред­ба со ги­ган­ти­те Ба­ерн, Шал­ке, две­те Бо­ру­сии, Шту­тгарт, Хам­бур­гер…. си­гур­но че­ко­ри кон впе­чат­лив ре­зул­тат и ус­пех. Плас­ман во Ли­га­та на Евро­па би бил ви­стин­ски по­да­рок за на­ви­ва­чи­те на Мајнц и за клу­бот што след­на­та го­ди­на ќе прос­ла­ви 110 го­ди­ни по­сто­е­ње.

nikolce_noveski_mainz_hofenhajm_180212

Ка­пи­тен­ска­та лен­та во Бун­дес­ли­га­та по­твр­да за ква­ли­тет

Се­пак, Мајнц има ка­пи­тен Ма­ке­до­нец, стра­нец што со од­лич­ни игри се на­мет­на да би­де пред­вод­ник на ти­мот од нај­ква­ли­тет­на­та гер­ман­ска ли­га, Бун­дес­ли­га­та. Приз­на­ние што е од огром­но зна­че­ње и ре­тко до­стиж­но и за фуд­ба­ле­ри од свет­ска кла­са. Но­ве­ски е ка­пи­тен на бун­дес­ли­гаш, до­стиг­ну­ва­ње што го зас­лу­жи со ква­ли­тет, со бор­бе­ност, со че­сен од­нос кон игра­та, со огром­на по­све­те­ност и љу­бов. Ко­га во 2004 го­ди­на од вто­ро­ли­га­шот Ауе се пре­фр­ли во Мајнц, ре­тко кој оче­ку­ва­ше ва­ков по­дем и на клу­бот и на са­ми­от Но­ве­ски. Би­тол­ча­не­цот на­ста­пу­ва­ше во Вто­ра­та гер­ман­ска ли­га це­ли 5 се­зо­ни со Мајнц. Че­кор по че­кор, од по­пу­лар­на­та Цвај­та, клу­бот се пре­фр­ли во ели­та­та, во друш­тво со ги­ган­ти­те на свет­ски­от фуд­бал. Во 2009 го­ди­на бе­ше прос­ла­вен вле­зот во Бун­дес­ли­га­та и от­то­гаш 4 се­зо­ни по ред Мајнц е стан­дар­ден член на кре­мот на клуп­ски­от фуд­бал во Гер­ма­ни­ја.

Но­ве­ски е еден од нај­стан­дард­ни­те игра­чи на клу­бот за кој оди­гра око­лу 300 нат­пре­ва­ри. Сто­пер со ла­вов­ско ср­це, бор­бен до ма­кси­мум, фуд­ба­лер што ни­ко­гаш не се пре­да­ва. Ма­ке­дон­ски шарм со гер­ман­ска дис­цип­ли­на, из­држ­ли­вост, бор­бе­ност. Ви­стин­ски пан­цир и штит на од­бра­на­та на Мајнц, не­гов за­шти­тен знак це­ла де­це­ни­ја. Да се из­др­жи во еден клуб де­се­ти­на го­ди­ни и да се би­де по­сто­ја­но ме­ѓу нај­до­бри­те е при­ви­ле­ги­ја са­мо на нај­до­бри­те, нај­ква­ли­тет­ни­те, нај­у­пор­ни­те. А, Но­ве­ски е ток­му од тој ка­ли­бар. Поч­на во Пе­ли­стер во род­на­та Би­то­ла, ка­де што оди­гра ед­на се­зо­на, а по­тоа од­лу­чи да за­ми­не во Гер­ма­ни­ја. Во 1998 го­ди­на му се прик­лу­чи на сво­јот со­гра­ѓа­нин То­ни Ми­цев­ски во Хан­за од Ро­шток. Ток­му ко­га Ми­цев­ски бе­ше на за­ми­ну­ва­ње во Хан­за, при­стиг­на Но­ве­ски. По­тоа сле­ду­ва пре­сел­ба­та во Ауе, ка­де што игра­ше од 2001 до 2004 го­ди­на, и комп­ле­ти­ра­ње на гер­ман­ска­та аван­ту­ра со пре­сел­ба во Мајнц.

FSV Mainz 05 vs Fortuna Duesseldorf

Ју­на­кот на ма­ка­та се поз­на­ва

Ед­на на­род­на по­го­вор­ка ве­ли де­ка ју­на­кот на ма­ка­та се поз­на­ва, а при­ме­рот на Но­ве­ски е од­лич­на пре­зен­та­ци­ја за умеш­ност ка­ко да се спра­ви­те со ма­ки­те. Ек­стрем­но те­шко е да оп­ста­не­те це­ла де­це­ни­ја во Бун­дес­ли­га­та на ед­на од клуч­ни­те по­зи­ции во ти­мот, на ме­сто­то сто­пер, во ду­е­ли со на­па­ѓа­чи од свет­ска кла­са. Ман­џу­киќ, Ми­лер, Хун­те­лар, Кис­линг, Ле­ван­дов­ски во по­но­во вре­ме и Џе­ко, Го­мес, Кло­се, То­ни, Гра­фи­те, Пи­за­ро и дру­ги опас­ни стрел­ци кои во ми­на­ти­те се­зо­ни и го­ди­ни беа на мег­дан со Но­ве­ски. До­вол­но е да игра­те про­тив нив, си­те поз­на­ти и приз­на­ти ими­ња и врв­ни на­па­ѓа­чи, на кои Но­ве­ски ус­пеш­но им се спро­тив­ста­ву­ва, се­ка­ко со по­мош на со­и­гра­чи­те од Мајнц. Ка­пи­те­нот ду­ри ус­пе­ва че­сто и да се нај­де во ти­мот на ко­ло­то во Бун­дес­ли­га­та, под­виг што го има сто­ре­но де­се­ти­ци па­ти. Пос­ле­ден пат Ни­кол­че бе­ше член на иде­ал­ни­от тим во гер­ман­ско­то пр­венс­тво пред де­се­ти­на де­на ко­га оди­гра из­во­нред­но про­тив Вер­дер. Мајнц по­бе­ди со 3-0, Но­ве­ски зас­лу­жи ме­сто ме­ѓу из­бра­ни­те 11, а не­го­ви­от клуб ја про­дол­жу­ва тр­ка­та по про­бив на европ­ска­та сце­на. Се­ка­ко, ко­га игра­те во ед­на од нај­до­бри­те и нај­це­не­ти европ­ски ли­ги, има и ки­ксо­ви, а ка­ко ед­на од епи­зо­ди­те за за­бо­рав се ше­сте авто­го­ла на Но­ве­ски, што е ре­корд од по­сто­е­ње­то на Бун­дес­ли­га­та. Се­пак, при­јат­ни мо­мен­ти има прем­но­гу за единс­тве­ни­от ма­ке­дон­ски фуд­ба­лер што мо­мент­но игра во елит­на­та гер­ман­ска ли­га.

До­го­во­рот со Мајнц на 35-го­диш­ни­от ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец (на 28 април пол­ни 35 го­ди­ни) му исте­ку­ва ле­то­во, а не­из­вес­но е да­ли ќе про­дол­жи да игра ба­рем уште не­ко­ја се­зо­на. Клу­бот му ну­ди про­дол­жу­ва­ње на со­ра­бо­тка­та, но оста­ну­ва да се ви­ди да­ли ка­пи­те­нот ќе игра или ќе се про­сти од актив­ни­те на­ста­пи. Та­кво не­што му нај­а­ви на Бо­шко Ѓу­ров­ски, се­ле­кто­рот на ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја. За Ма­ке­до­ни­ја Но­ве­ски оди­гра 64 нат­пре­ва­ри и по­стиг­на 5 по­го­до­ци.

noveski

Но­ве­ски и цр­ква­та „Све­ти Ни­ко­ла“, за­шти­тен знак за Ма­ке­дон­ци­те во Мајнц

Ни­кол­че Но­ве­ски и мно­гу­ми­на ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни од Мајнц и Гер­ма­ни­ја, се­ка­ко и од на­ша­та зем­ја, со не­се­бич­ни до­на­ции при­до­не­соа да се из­гра­ди пр­ва­та пра­вос­лав­на цр­ква во Гер­ма­ни­ја. Бле­ска „Све­ти Ни­ко­ла“ во Мајнц, еден од два­та за­штит­ни зна­ка, за­ед­но со Но­ве­ски, на на­шин­ци­те во овој град.

Ни­кол­че не за­бо­ра­ва од ка­де по­тек­ну­ва, се­ко­гаш ја спо­ме­ну­ва Ма­ке­до­ни­ја и че­сто им по­ма­га на сво­и­те со­на­род­ни­ци.

– Во­о­ду­ше­вен сум што го има­ме овој об­јект во Мајнц. Се из­гра­ди ти­пич­на ма­ке­дон­ска цр­ква, што изг­ле­да пре­крас­но. Има до­ста Ма­ке­дон­ци и за си­те нас ова е го­ле­ма ра­бо­та. Тоа е дел од на­ша­та тра­ди­ци­ја и мно­гу е уба­во што ќе има­ме ка­де да дој­де­ме, да се ви­ди­ме, да се дру­жи­ме и, се­ка­ко, да ги сла­ви­ме на­ши­те праз­ни­ци – из­ја­ви Но­ве­ски при ед­на од по­се­ти­те на цр­ква­та „Све­ти Ни­ко­ла“.

Ма­ке­дон­ци­те се со­би­ра­ат и на три­би­ни­те на „Ко­фејс аре­на“, до­мот на ФК Мајнц од 2011 го­ди­на, за да го бо­драт сво­јот ми­ле­ник Ни­кол­че Но­ве­ски.

 

Пишува: Зоран Поповски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top