Младиот шпански мотоциклист и актуелен шампион во Мото ГП Марк Маркез продолжува со импресивното возење и во новата сезона. Тој вчера успеа да победи за големата награда на Аргентина и со тоа да оствари хет-трик на стартот на годинешниот шампионат.
По лошиот старт на трката каде падна на петтото место иако стартуваше како прв, Маркез со импресивно возењеуспеа да стигне до втората позиција и континуирано во текот на неколку круга врши притисок врз својот сонародник Хорхе Лоренцо. На 10 круга до крајот успеа да го помине и без проблеми да го освои првото место.
На втората позиција се пласираше вториот возач на Хонда Дани Педроса. Лоренцо остана трет пред Валентино Роси.
Најдобриот возач во историјата италијанецот Роси одлично ја започна трката, но направи неколу грешки и мораше да се задоволи со четвртото место.
Во генералниот пласман води Маркез пред Педроса и Роси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.