За велемајсторите на ракометот каков што е Ренато Вугринец доволно е и едно полувреме за да се најдат во иделаниот тим на ЕХФ.
Словенецот со македонски пасош е меѓу одбраните седуммина во дрим-тимот на втората четвртфинална рунда во Лигата на шампионите, иако играше само 35 минути. Судиите го исклучија, но Ренато со 7 гола до тој момент против Кил си го заслужи местото во најдобрата постава на колото.
Со него во идеалниот тим е и десното крило на Вардар Матјаж Брумен, кој имаше идентичен учинок во несреќната елиминација на „црвено-црните“ против Фленсбург. Брумен одигра извонреден меч, а само секунди го делеа од радост и пласман на фајналфор турнирот во Келн.
Идниот член на Вардар, моментно ракометар на Рајн Некар Левен, Сергеј Горбок е најдобар лев бек на оваа рунда. Горбок потпиша договор со „црвено-црните“ и од следната сезона до 2018 година ќе настапува за Вардар.
Еве го дрим-тимот на втората четвртфинална рунда:
Голман: Арпад Штербик (Барселона)
Десно крило: Матјаж Брумен (Вардар)
Десен бек: Ренато Вугринец (Металург)
Среден бек: Никола Карабатиќ (Барселона)
Лев бек: Сергеј Горбок (Рајн Некар Левен)
Лево крило: Доминик Клајн (Кил)
Пикер: Ренато Сулиќ (Веспрем)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.