Фудбалерите на Фенербахче по 19. пат станаа шампиони во Турција. Со ова ја прекинаа двегодишната доминација на најголемиот ривал Галатасарај.
На три кола пред крајот, Фенербахче има предност од 12 бода пред Галатасарај и 13 бода повеќе од Бешикташ, кој е на третата позиција.
Галатасарај го искористи киксот на Бешикташ, кој загуби вчера од Сиваспор со 2-0 и се најде на втората позиција, место кое води во квалификации за Лигата на шампиони, па така останатите три кола нѐ очекува голема борба меѓу двата клуба од Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Ќе мора да почека за дебито во Фенер: Елмас во јануари заминува на позајмица?
-
Елмас сепак ќе мора да чека до јануари – Турците не ја уважија одлуката на ФИФА
-
ФИФА даде зелено светло: Фенербахче може да го регистрира Елмас


