Тринаесет приврзаници на идејата за федерализација на Украина во текот на изминатата ноќ се уапсени во Харков, јави ИТАР-ТАСС.
Тие се приведени на централниот плоштад на источниот украински град.
Според властите, проруските активисти илегално поставиле шатори и оградa од дрва и песок на харковскиот плоштад „Слобода“.
Вчера на централниот плоштад во Харков неколку стотици лица се собраа со барање за спроведување референдум за федерализација на Украина. Демонстрантите изразија солидарност со другите југоисточни региони во Украина, кои не ги признаваат новите власти во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



