| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Раководството на СДСМ е во очај, сака да предизвика политичка криза

risto nikovski

Не е во прашање бојкот на изборите, туку бојкот на резултатите. Разликата од 1994 година кога ВМРО-ДПМНЕ направи една стратегиска грешка, ги бојкотираше изборите, овој пат изборите не се бојкотирани, што е многу добро за државата во целина, и се работи за бојкот на резултати. Не е во прашање адреналин, во прашање е очај затоа што оваа екипа по 8 години ја води оваа партија на избори и губи, тоа раководство е ставено во безизлез. Лидерот пред некој ден порача дека нема намера да поднесе оставка без разлика на резултатите. Која е другата опција? Да ги бојкотираш резултатите, односно да го бојкотираш Собранието. Сакаат да создадат политичка криза, смета поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Никовски во отвореното студио на Канал 5 рече дека СДСМ повторно сака да создаде политичка криза потсетувајќи на изборите во 1998 година кога го бојкотираа изборот на преседателот Борис Трајковски. Тој прогнозира дека во оваа партија ќе има превирања кои би требало да донесат нови луѓе со нови идеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top