
Професорот и поранешен амбасадор, Димитар Мирчев, смета дека ставот на СДСМ да не го признае изборниот процес е сигнал за распад на СДСМ.
– Тоа е сигнал за распад на партијата. Но, тоа не е поради резултатот од изборите. Обратно е. Резултатот на изборите од двата круга се сигнал дека таа партија и таа коалиција и сите околу неа одамна се распаѓаат. И не можат да дојдат до здив – изјави Мирчев за отворената програма на Канал 5.
Според Мирчев, елементарниот проблем на СДСМ е немањето понуда и програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


