Џафери на денешната свеченост пак упати порака за соживот:
– Ми претставува голема чест и задоволство да раководам со министерството за одбрана се’ до успешното заокружување на реформите и модернизацијата на АРМ. Да биде симбол на меѓуетнички соживот, толерација, почит на различностите, како и помирување меѓу етничките групи.
Поранешниот командант на ОНА исто така истакна дека новото работно место ќе го искористи да придонесе АРМ во секоја нејзина димензија да ја рефлектира реалноста на нашата држава.
Џафери до сега беше пратеник на ДУИ во парламентот каде што негов највпечатлив настап беше опструирањето на предлог законот за бранителите со маратонско молчење. Неговиот претходник во министерството за одбрана пак, ќе остане запаметен како прв министер за одбрана кој со војници на АРМ се поклони на споменик на УЧК во Слупчане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
Џафери: Ако референдумот пропадне, одлучуваат институциите
-
Министерството за одбрана ќе покрене постапка против војникот кој учествуваше во инцидентот на Мечкин Камен