Утре ќе продолжи средбата меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел. Посредник во оваа средба е високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон. Состанокот е посветен на прашањата за институциите во северниот дел на Косово и за офицерите за врски во Белград и Приштина. По оваа петта рунда од преговорите немало никакви обраќања пред медиумите. Како поткрепа на преговорите во Брисел е и американскиот дипломат задолжен за Балканот, Филип Рикер. Тој денеска разговараше со Дачиќ, а вчера со косовскиот премиер. Трилатералните разговори се одржуваат зад затворени врати, па дури и на членовите на делегациите не им е дозволено присуство.
српските медиуми проценуваат дека причина за утрешното продолжување на средбата, покрај важноста на темите, но и намерата за напредок во дијалогот нотиран во априлскиот извештај на Европската комисија.
Според портпаролот на Ештон, Маја Коцијанчич вели дека овојпат за разговорите е одвоено повеќе време, бидејќи Европската комисија очекува натамошен напредок во дијалогот, повторувајќи дека северниот дел на Косово е меѓу клучните теми.
Непосредно пред средбата со Ештон, Дачиќ изјави дека Србија ќе инсистира на создавање заедница на српските општини во Косово, која би имала јасни надлежности во образованието, науката, судството… и Србите сами би ја избирале власта. Тој повтори дека нема да има повлекување на српските институции од Косово додека не се постигне конечен договор, дека ќе се бараат цврсти гаранции за секој договор и вети дека српскиот народ на Косово „нема да биде препуштен сам на себе“.
Пред почетокот на дијалогот Тачи нагласи дека нормализирањето на односите со Србија е нешто кое „им го должи на идните генерации“, додавајќи дека Косово е во добри односи со останатите соседи.
Запрашан до каде е подготвен да оди во врска со статусот на Северно Косово, Тачи одговори дека ситуацијата на северот „не е како во другите делови на Косово“ и дека тоа прашање не може да се реши без нормализирање на односите со Србија.
Разговорите не се ограничени со време. Од кабинетот на Ештон соопштуваат дека „дијалогот ќе трае толку, колку што ќе издржат соговорниците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


