Европската комисија ќе прави пролетен Извештај за Република Македонија во однос на заклучоците на последниот Самит на Европскиот совет – објави денес Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе,
Тој ги демантираше шпекулациите дека ваков извештај нема да има. Вели, извештајот е во фаза на подготовка и до властите е да обезбедат да биде суштински и да ги исполнува очекувањата како што е формулирано во заклучоците на Советот.
Сепак, гласноговорникот на Филе, кој вчера ја поздрави средбата Груевски-Борисов на својот профил на твитер, потенцира дека е „жално што Четвртата рунда од Пристапнито дијалог на високо ниво (ХЛАД) е откажана“.
– Оваа рунда имаше за цел да придонесе во подготовката на овој извештај, но за жал мораше да се откаже, додава портпаролот на Европската комисија за МИА.
Според информациите од Комисијата, задача на Директоратот за проширување, добиена од Европскито совет според зкалучоците од декемврискиот Самит, е да подготват Специјален извештај за Македонија, кој е најавено дека ќе биде објавен на 27 април, а од чија содржина зависи дали на јунскиот Самит на Советот земјата ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
ЕУ бара Грција да врати 55 милиони евра од помошта за „Хеленик дифенс системс“
-
ЕК ја чека одлуката на Пуџдемон за да се изјасни за Каталонија