| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена меѓународна педофилска мрежа во Аргентина

Аргентинската полиција разби меѓународен ланец педофили кои разменувале фотографии и видеа од деца преку социјални мрежи.

Извршени биле претреси на повеќе од 60 локации ширум земјата, а според неофицијалните информации осомничени се 64 педофили, но ниту еден не бил уапсен.

Во акцијата е запленета и компјутерската опрема за која има сомневања дека е користена за дистрибуција на порнографскиот материјал преку социјални мрежи.

Педофилите користеле псевдоними за да се поврзат со други педофили на социјалните мрежи.

Операцијата за разбивање на мрежата започнала пред две години кога Интерпол открил дека слики од деца што биле поставени на веб сајтови во Лондон од интернет сервери во Аргентина, за што ја известиле аргентинската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top