До 18 часот во општина Кочани за претседател гласале 19.032 граѓани или 58,21 отсто, додека за парламентарните избори гласале 19.020 граѓани, односно 58,43 отсто, информира Ирина Хаџиева, претседателот на Општинската изборна комисија.
Слична е состојбата и во општина Чешиново-Облешево, каде што гласале 58 отсто за претседателските и 58,45 отсто за парламентарните избори.
Во Општина Зрновци одѕивот изнесува 57,94 отсто за претседателските и 58,74 отсто за парламентарните избори.
Во општина Виница одѕивот за претседатслските избори изнесува 52,2 отсто, а за парламентарните 53 отсто.
Најголем одѕив во овој дел на Македонија има во општината Пробиштип, каде што за претседател гласале 66,75 отсто, додека за парламентарните избори на гласање излегле 66,81 отсто од граѓаните со право на глас.
Гласањето во овие општини до пред затворањето на гласачките места помина во мирна атмосфера и без инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



