| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој го спаси светот

Според протоколот Петров требало веднаш да испука ракети кон САД и Западна Европа, но иако ситемот бил во наоружан, тој не го притиснал црвеното копче

74-годишен пензионер од рускиот град Фрјазино e еден од ретките луѓе кои може да се пофалат дека навистина го спасиле светот. Иако многумина не го познаваат, Станислав Петров е човекот кој успеал да спречи светска нуклеарна војна.

Пет американски проектили
Во времето кога Студената војна го достигнала својот врв, во осумдесеттите години на минатиот век, Петров бил полковник во руската војска и командант на центарот ОКО, чијашто функција била навремено да ги предупреди руските власти за нуклеарните проектили насочени кон СССР.

Настанот за кој со години не смеело да се зборува се одиграл на 26 септември 1983 година. Системот за предупредување покажал дека САД лансирал дури пет проектили со нуклеарно полнење кон Москва.

-Не верував дека ќе се најдеме во таква ситуација и покрај фактот што сите претпоставувавме дека кога-тогаш Американците ќе не нападнат. Всушност, Студената војна тогаш беше „студено студена“, изјавил Петров.

Според протоколот Петров требало веднаш да испука ракети кон САД и Западна Европа, но иако ситемот бил во наоружан, тој не го притиснал црвеното копче. Доколку го притиснел, ќе започнела светска нукеарна војна. Но Петров одлучил да почека уште неколку минути. Компјутерите покажувале приближување на американски проектили, меѓутоа Петров решил да не се јави кај надлежните, зашто бил сигурен дека ќе му издадат наредба да пука.

– Не станува збор за рационално размислување, туку за инстинкт. Знаев дека нешто не е во ред. Како прво, компјутерот покажуваше дека кон Москва се упатени пет проектили кои доаѓаат од една база. Нападот со којшто Американците би започнале светска нуклеарна војна сугурно не би бил ограничен на пет проектили. А како второ, постои и можност системот погрешно да ги протолкува сигналите за нукеарни ракети, , додал Петров.

По мачното чекање, Петров одлучил да го причека ударот на проектилите. И за среќа, неговиот инстинкт се покажал точен. Иако системот покажувал дека проектилите ја погодиле целта, главниот град живеел спокоен секојдневен живот. Тревогата била лажна.

Дрезденска награда за мир
Иако го пријавил инцидентот, истрагата покажала дека рускиот сателит погрешно ги прочитал податоците, па случајот бил заташкан. Петров е во пензија, но живее со психичкиот товар од тоа време. За тоа дека е заслужен за светскиот мир говори и Дрезденската награда за мир, којашто му била врачена минатата недела.
Меѓутоа, документарниот филм “Одбројување до нула# покажува дека Петров не е единствениот спасител на светот во времето на Студента војна. И ако официјално таа војна е завршена, светот се уште развива оружје за масовно уништување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top