Челси го победи Ливерпул во дербито на 36. коло со 2-0 и тоа на гости и ја направи драматична трката за титулата. Ливерпул се уште ја има пол-позицијата, но шанси за трофејот има и Манчестер сити, копј може да се израмни по бројот на бодовите (80) со црвените од „Енфилд Роуд“, а од сенка чека и Челси со 78 бода.
Демба Ба со гол во третата минута од судиското продолжение и Вилијан со погодок во четвртата минута од доплнителното време во финишот на мечот го вратија чекор назад Ливерпул.
До крајот на шампионатот треба да се одиграа уште две кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.