| четврток, 6 декември 2018 |

МОСТ: Излезноста на парламентарните избори до 13 часот е најмала во „шестката“

Излезеноста за претседателските избори, пак, до 13 часот е 27,69 отсто

most

До 13 часот одѕивот на гласачите на парламентарните избори е 33,02 отсто во Изборната единица (ИЕ) 1, 30,02 во ИЕ 2, 37,33 во ИЕ 3, 36,2 во ИЕ 4, 30,93 во ИЕ 5 и 23,42 во ИЕ 6, соопшти граѓанската асоцијација МОСТ.
Излезеноста за претседателските избори, пак, до 13 часот е 27,69 отсто.
Набљудувачите на МОСТ регистрирале повеќе неправилности, групно и гласање во туѓо име, гласно читање имиња на гласачи, агитирање од неовластени лица, проверка на гласачи од страна на партиски активисти,…
– Групно/семејно гласање е забележано на гласачките места 0277/1 и 0279/1 во општина Пласница, 0393 и 0424 во општина Гостивар, 2036 во општина Брвеница, 1949 и 1991/1 во општина Тетово , 0207 во општина Битола, 0882 во Чешиново-Облешево и 0900 во општина Кочани. На гласачкото место 0396 во општина Гостивар член на Избирачкиот одбор од друго избирачко место стоел позади параванот при гласањето на шест лица и гласал наместо нив, информира извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.
Според набљудувачите, на гласачкото место 0398 во општина Гостивар членовите на Избирачкиот одбор и другите присутни не носат беџови.
– На самиот влез од месната заедница „Тодор Ангелевски“ во општина Битола во која се сместени избирачките места 0047 и 0048 има лица кои ги евидентираат гласачите, гласно читање имиња на гласачи е забележано на 0376 во општина Богданци и на 2948 и 2951 во општина Бутел, а нерегуларности се регистрирани и пред ОУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци во кое се сместени гласачките места 666, 673, 673/1, 674 и 674/1. Таму има група од 7-8 неовластени лица кои вршат агитација и ги евидентираат гласачите, посочи Алексов.
На гласачките места 0027, 0031, 0035, 0037, 0048, 0054, 0154 и 0161 во општина Битола, Избирачкиот одбор издава по две гласачки ливчиња без да ги праша гласачите дали сакаат да гласаат за двата изборни процеса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top