| четврток, 6 декември 2018 |

Во Струга до 10 часот гласале пет отсто од регистрираните гласачи

Излезноста во општина Струга до 10 часот е 5,6 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 59.017 лица, а правото на глас можат да го остварат во 101 избирачко место.

–  Изборниот процес досега тече добро. Во моментот сме на терен правиме обиколка и засега нема забелешко, изјави Зиба.

Сите гласачки места во општина Струга беа отворени навреме, во 7 часот утрово и стружани гласаат за една од листите за избор на пратеници во 5. Изборна идиница за предвремените Парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top