Нема посериозни проблеми и нарушување на изборниот процес кој се одвива денеска каде што се во тек парламентарните и претседателските избори.
Помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски, информираше дека досега изборниот процес е во мирна, фер и демократска атмосфера.
-Македонија денес гласа демократски и достоинствено, согласно европските стандарди, истакна Котевски.
Тој додаде дека во текот на денот штабот на МВР и понатаму ќе остане отворен да функционира, посочувајќи дека никаква асистенција за посериозни инциденти не е побарана ниту од полициските службеници, кои се наоѓаат на избирачките места ширум Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?