| четврток, 6 декември 2018 |

Металург за поправање на впечатокот против Кил

Македонскиот вицешампион Металург ќе игра за поправање на впечатокот против Кил, денеска од 14,15 часот во Германија, а реваншот е само формалност по убедливата победа на „зебрите“ во Скопје со 31-21.

Кил прикажа прекрасна игра во „Борис Трајковски“ и повторно ќе биде незгоден противник за Металург во последниот четвртфинален дуел.

Досега и формално се познати три пазтници за фајналфор турнирот во Келн, а сигурно за трофејот ќе играат Веспрем, Фленсбург и Барселона. Веројатно и Кил, кој има огромни 10 гола разлика од првиот дуел со македонскиот вицешампион.

Свесни сме дека разочаравме со играта во Скопје, а најразочарани сме токму ние, ракометарите. Немаме шанси за полуфинале, но решени сме да одиграме многу подобро и да го поправиме впечатокот од првиот натпревар. Знаеме дека имаме квалитет за такво нешто, сега ни останува тоа да го потврдиме тоа во Шпаркасе арена“, изјави Ванчо Димовски.

Металург без разлика на поразот од Кил, одигра одлична сезона во Лигата на шампоионите, по вторпат стаса меѓу осумтте најдобри во Европа, а трета година во низа беше и во осминафиналето. Мечот против Кил, денеска е одлична можност за достојно простување од ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top