
Сите 88 избирачки места во општина Охрид утрово се отворени на време, информираат од Општинската изботна комисија. Право на глас за претседателските избори имаат 51.211 избирачи, а бројот на гласачи за предвремените парламентарни избори е помал и изнесува 50.895.
– Сите гласачки места се отворени на време во 7 часот. До сега изборниот процес се одвива непречено и без никакви забелешки. Бројот не е ист во двата избирачки списоци поради тоа што кога се заклучувал списокот за парламентарните избори направена е промена од страна на гласачите, извадена нова личлна карта, се иселиле и слично – изјави Марика Костадиноска, претседател на ОИК Охрид.
Одзивот на гласачите во утринските часови во Охрид е мал, што делумно се должи на врнежливото време. Поголема излезност се очекува во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


