| четврток, 6 декември 2018 |

Во скопската општина Аеродром гласањето се одвива без проблеми

Pretsedatelski izbori prv krug 2014  (31) (Custom)

Во повеќе избирачки места низ општина Аердром гласањето се одвива мирно и без проблеми.

Во изборната единица 2714 во Основното училиште „Лазо Ангелвоски“ во Ново Лисиче до 8 часот излезноста била 3 отсто.- Во првиот час претежно повозрасни граѓани со искористија своето право на глас. Одзивот е сличен како и на првиот круг претседателски избори, очекуваме поголемо раздвижување подоцна околу 12 часот, и секако како и претходно веруваме дека изборите ќе поминат мирно и во фер и демократкси услови – вели претседателот на оваа изборна единица.

Во населеното место Горно Лисиче одзивот во првите два часа во сите избирачки места е околу 9 отсто, каде досега како и на претходните места претежно гласале повозрасни граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top