| четврток, 6 декември 2018 |

Се жени најпопуларниот ерген – Џорџ Клуни се верил со Амал Аламудин

george-clooney-600

Холивудскиот актер Џорџ Клуни, најпопуларниот ерген се верил со британската адвокатка Амал Аламудин, пишува магазинот „Пипл“.

Клуни и Аламудин ја официјализирале својата врдска во октомври минатата година, а гласините за веридбата почнале откако 36-годишната Британка е видена со дијамантски прстен во еден рестооран во Малибу.

Освен Џорџ и Амал, на таа вечера присустувале и Синди Крафорд и Едвард Нортон, на кои Аламудин им го покажувала вереничкиот прстен.

– Џорџ и Амал не ја кријат својата врска и планираат да бидат заедно до крајот на својот живот – изјави неименуван извор за магазинот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top