| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите ги следат над 10 илјади домашни и 610 странски набљудувачи

nabljuduvaci500

За следење на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска се акредитирани 10.013 домашни и 610 странски набљудувачи, како и 294 преведувачи.

Според најновите податоци објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), НВО МОСТ акредитирала 2.413 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 5.090, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.321, ЦИВИЛ-Центар за слобода 113, Здружение Плоштад Слобода – 33, Институтoт за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 28, Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите – Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има  акредитирано  252 набљудувачи, ОБСЕ 103 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа 27, ЕУ – 27, амбасадите на САД – 37 набљудувачи, Шведска 13, Италија 12, Турција – 11 набљудувачи, Франција осум, Бугарија и Холандија по шест, Косово – пет, Словенија – четворица, Албанија, Полска, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Словачка и Канцеларијата на НАТО по тројца набљудувачи, Хрватска, Кина, Црна Гора, и Руска Федерација по двајца набљудувачи, Швајцарија, Катар и Србија по еден набљудувач и Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ – 31 набљудувач. Акредитирани се и 17 претставници на Централната изборна комисија на Косово, шестмина членови на косовската Комисија за изборни жалби и приговори, осум на Централната изборна комисија на Албанија и тројца на Централната изборна комисија на Грузија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top