Игуменот на манастирот Високи Дечани, архимандритот Сава Јанјиќ изјави дека непознат маж се заканил дека деновиве ќе го уништи манастирот и додал дека за тоа ја известил полицијата на Косово, КФОР и меѓународните претставници на Косово.
Јанјиќ прецизирал дека косовската полиција ги известила дека непознато машко лице кое се претставило како командант на ОВК, се јавил во локална телевизија и рекол дека посготвува напад на манастирот во следните два дена и камерите да им бидат подготвени за да го снимат уништувањето на Високи Дечани.
-Полицијата веднаш презеде неопходни мерки, контактирав со повеќе претставници на косовската полиција, меѓу останатите и со заменикот министер за полицијата Саша Рашиќ, добив повик и од КФОР и повеќе амбасадори на западни држави на Косово и метохија кои изразија солидарност и поддршка, рече Јанјиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


