Во Скопје денеска се вози само во еден правец, кон слата „Борис Трајковски“. На мени е ракометниот спектакл меѓу македонскиот шампион Вардар и германскиот гигант Фленсбург. Реваншот ќе почне за дваесетина минути, а трибините во скопкста арена полека се полнат.
Вардарци се надеваат на победа од најмалку 3 гола разлика и подготвуваат спектакуларно славје, ако успеат да го елиминираат вториот германски тим во низа, по успехот против европскиот првак Хамбург. Домашниот тим треба да анулира два гола разлика, откако во „Фленс арена“ загуби со 22-24.
Навивачите на Вардар, предводени од „Комитите“ кои се враќаат на трибина да му помогнат на својот миленик, подготвуваат прекрасна кореографија, пред почетокот на мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.