Експлозијата разгори пожари кои гореа цели 10 дена. Околу 300 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови. Во меѓувреме Северна Европа беше прелеана од радиоактивни материјали.
Во експлозијата загинаа само две лица, но инцидентот нанесе незамисливо тешки штети на луѓето кои се провлекуваа со денови, месеци па дури и неколку години подоцна.
Според извештај на “Гринпис” од 2006 година, чернобилската катастрофа доведе до повеќе од четвртина милион случаи на рак, од кои речиси 100 илјади се покажаа фатални. Во 2011 година Сојузот на загрижените научници – невладина организација, претпостави дека бројот на смртните случаи како последица на Чернобил ќе се движи околу 25 илјади – или шест пати повеќе над прогнозата на ОН. А според Меѓународната агенција за канцерозни истражувања, последиците ќе потраат во животот на 16 илјади Европејци до 2065 година.
Инцидентот во северна Украина беше комбинација од дефектен дизајн и оперативна грешка, кои создадоа смртоносен радиоактивен облак. Реакторите на Чернобилската АЕЦ беа запрени и подоцна извадени од употреба. № 4 беше заграден со нестабилен бетонски кожурец.
Сега се работи на изградба на саркофаг на вредност 1,58 милијарди американски долари. Новата структура ќе ги чува останките на реакторот и и ќе го замени застарениот бетонска школка. Структурата ќе тежи 29 000 тони, ќе биде долга 164 метри, а височината ќе достигнува 110 метри. Саркофагот ќе содржи хај-тек опрема за извршување во целосна безбедност на операциите за деконтаминација на внатрешноста на оштетената централа. Се очекува градежните работи да завршат во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.