| четврток, 6 декември 2018 |

Од ноќеска на полноќ почнува предизборниот молк

избори

Од полноќ и официјално почнува предизборниот молк во пресрет на петтите по ред претседателски избори втор круг и предвремени парламентарни.
 На избирачкиот список за парламентарните избори регистрирани се  1 .780 128 гласачи а  поднесени се 14 листи со кандидати за 123 места во Парламентот.  На списокот за претседателските избори регистрирани се 1.779 572гласачи.
 Споредбено со последните предвремени парламентарни избори во 2011 избирачкиот список има 40 994  гласачи помалку.
 Бројот на гласачи и во избирачкиот список за претседателските избори е намален споредбено со последните избори во 2009 кога тој изнесувал 1. 792.082.
Изборите ќе се спроведуваат во 9 изборни единици. 6 во Македонија и три во дијаспората . Во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори регистрирани се 27. 828 гласачи од дијаспората додека за претседателските избори регистрирани се за скоро 4 пати помалку  гласачи.
 За предвремените парламентарни и претседателски избори акредитирани се над 9 илјади домашни и над 400 странски набљудувачи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top