| четврток, 6 декември 2018 |

„Key safety sistems“ ќе гради во јули, ќе вработи околу 1000 лица

мизо

„Key safety sistems“ најави дека ќе инвестира во Македонија. Менаџментот е во земјава и ги финализира подготовките.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски, оствари средба со менаџерот на KSS, Џим Скарпа, каде разговараа за деталите за новата инвестиција.

-Работиме на глобално производство на безбедносни производи од автомобилската индустрија. Сега ќе инвестираме во Кичево. Тука сме со тимот, работиме на организациските работи средување на банкарските прашања, комерцијалните прашања во врска со браунфилд делот, градежните работи и друго. Кон крајот на третиот квартал од годинава ќе почнеме со работа на браунфилд локацијата, а паралелно работиме и за гринфилд делот кој што треба да биде оперативен на крајот од вториот квартал од 2015-та година – рече Скарпа.

„Key safety sistems“ ќе вработи од 800-1000 лица.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, деновиве ги придружуваше претставниците на компанијата на посета во Кичево.  Тие барале локации за браунфилд инвестицијата.

-Се сретнавме со локални градежни компании кои треба да им  дадат понуда за времетраењето и трошокот на адаптирање на тие локации .Тоа треба да биде готово до почетокот на јули годинава. Паралелно имавме голем број на состаноци со градежни фирми и со локални архитектонски фирми врз основа на дизајнот кој е веќе е направен. Се работи за објект од 12.500 квадратни метри, слично како објектот на Џонсон Контролс во Штип – рече Мизо.

Градбата на објектот ќе започне во јули

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top