– Јас го сакам СДСМ. Немам намера да ја уривам мојата довчерашна партија. Не планирам да формирам нова ниту да се приклучам кон некој нов политички субјект. Јас и натаму ќе ја критикувам оваа власт за нејзините потези. Мојата цел е иста со онаа СДСМ, да се смени актуелната владејачка гарнитура- изјави Јакимовски за „Република“.
Тој уште еднаш повтори дека на трипати се обидел во партијата да ги разубеди сопартијците да не ги бојкотираат изборите. Но, во СДСМ доминирало мислењето дека не треба да се излегува на локалните избори. Јакимовски, одлуката да се кандидира ја донел неколу часа пред да истече рокот за поднесување на кандидатски листи за советници и градоначалници. Вели, размилувал од 17 до 20 часот, а откако одлучил му се јавил на Драгиша Милетиќ да му овозможи кандидатурата да оди преку Српската напредна странка, со што Милетиќ се согласил. Јакимовски смета дека граѓаните имаат право на избор и тоа е побино за него оти ќе можат да бираат меѓу него и неговата ривалка Јангула Куновска, кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.
– Раните кога ќе се залечат и времето ќе покаже кој бил во право- вели тој.
Јакимовски ги демантира гласините дека Никола Георгиев алијас Командантот Коки му се заканувал преку леѓе нему и на неговиот син.
– Не би можел да ми се заканува оти Коки е во затвор- вели кандидатот за градоначалник на општина Карпош, кој исто ги отфрли како невистинити и шпекулациите дека СДСМ уште летото планирал хаос за време на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Не со кривични пријави, со тенкови да тргнат на мене, на 30 септември не излегуваме на гласање!
-
Јакимовски: Уште два живота да има Богоев, нема да го постигне мојот успех
-
Јакимовски: На власт дојде режим кој е подготвен да продаде сè живо, само за да може подолго да владее (видео)
-
Јакимовски: За изборните нерегуларности мора некој да одговара