Британскиот актер Том Харди, кој важи за еден од најпосакуваните холивудски ергени, се оженил во строга тајност, шпекулираат странските медиуми.
Во интервју за неговиот нов филм, Харди својата девојка ја споменувал како „мојата сопруга“.
Се работи за актерката Шарлот Рајли, која со британскиот убавец е зедно повеќе од пет години, а свршени се од 2010 година.
Дека не се работи за грешка потврдува и неговата изјава за време на промоцијата во Њујорк, каде што повторно ја насловил како „сопруга“.
Харди зад себе веќе има еден брак. Во 1999 година се ожени со Сара Ворд, но бракот заврши пет години подоцна. Тој има и шестгодишен син од поранешната девојка Рејчел Спид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФХ3Х дел од новиот хит: „Веном“ доаѓа во Скопје
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“