Максимален број полициски службеници ќе бидат вклучени на изборниот ден, а секој полицаец ќе добијат посебен прирачник, што е изработен во соработка со ОБСЕ, како корисна алатка за подобро снаоѓање во дадени ситуации. Точната бројка полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на денот на изборите зависи од повеќе параметри и во овој момент не е се уште определена.
– Но, и кога ќе биде определена останува проценката во дадениот момент на МВР дали ќе се обелодени. Ќе се обезбеди доволен број полициски службеници што ќе гарантира слободни, фер и демократски избори односно остварување на правата на граѓаните и во смисла на активно, но и пасивно избирачко право, рече министерката Гордана Јанкулоска.
Работа на МВР, нагласи таа,е да ги предвидува сите можни случувања и сценарија и да има решенија и ако се случуваат инциденти и ако не се случуваат. Искуствата, подвлече, покажуваат дека полицијата има капацитет да се справи со секаква ситуација.
– Не би сакала да коментирам политички одлуки на кои било политички субјект, но од позиција на министер за внатрешни работи можам да им гарантирам на граѓаните дека во целост ќе можат да ги искористат своите права и во смисла на гласачко право, но и за реализирање на нивните права како кандидати на различни позиции на овие избори, одговори Јанкулоска на новинарското прашање дали со бојкотот на изборите од опозицијата може да се очекуваат инциденти и протести.
Јанкулоска изрази надеж дека на овие избори, МВР нема да биде во ситуација во кој било дел на Република Македонија да има потреба на ангажман односно реакција на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи