| четврток, 6 декември 2018 |

Дебаклот не им ја намали ароганцијата

За­ев и Ше­ке­рин­ска про­дол­жи­ја со гу­бит­нич­ка­та стра­те­ги­ја на агре­сив­но по­ни­жу­ва­ње на не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те сме­тај­ќи де­ка на тој на­чин ќе ја отфр­лат од­го­вор­но­ста за де­бак­лот. Ка­ко и во ми­на­ти­те осум го­ди­ни, каз­на­та за аро­гант­но­то од­не­су­ва­ње и овој пат ги стиг­на, са­мо по­ра­но од што си­те ре­ал­но оче­ку­вав­ме

Но­ви­от ка­та­стро­фа­лен из­бо­рен ре­зул­тат на СДСМ, за жал, не бе­ше до­во­лен за да го при­зем­ји пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво, за­ед­но со пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат Сте­во Пен­да­ров­ски. Оста­наа да леб­дат во об­ла­ци и не­кол­ку нив­ни же­сто­ки при­вр­за­ни­ци кои во јав­но­ста се при­ка­жу­ва­ат ка­ко не­за­вис­ни ана­ли­ти­ча­ри и но­ви­на­ри. На си­те оста­на­ти им е кри­стал­но јас­но де­ка опо­зи­ци­ја­та вле­гу­ва во ед­на кри­тич­на фа­за во ко­ја е мож­но ду­ри и рас­па­ѓа­ње на пар­ти­ја­та, а во исти­от тој пер­и­од од­го­вор­ни­те, на­ме­сто да се со­о­чат со ре­ал­но­ста и со на­ро­дот, со уште по­го­ле­ма аро­ган­ци­ја ја тур­ка­ат пар­ти­ја­та во про­ва­ли­ја пре­фр­лај­ќи ја ви­на­та за по­ра­зот врз про­тив­ни­ци­те и врз гра­ѓа­ни­те.

И по­крај оче­ку­ва­ња­та де­ка, ко­неч­но, овој пат по­ра­ка­та на гла­са­чи­те ќе до­пре до уши­те на гу­бит­ни­ци­те и ќе ги на­те­ра од но­во да ги пре­ис­пи­та­ат сво­и­те по­зи­ции, на­деж­та ја сне­ма са­мо че­ти­ри ча­са по за­тво­ра­ње­то на гла­сач­ки­те ку­тии. Ко­га од го­вор­ни­ца­та во прес -цен­та­рот на опо­зи­ци­ја­та си­те оче­ку­ваа ли­де­рот да го приз­нае по­ра­зот и да ја пре­зе­ме од­го­вор­но­ста, тој се дрз­на да ја до­ве­де во пра­ша­ње вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те са­мо за да си ја за­шти­ти фо­тел­ја­та за ко­ја и са­ми­от е све­сен де­ка по не­дел­ни­те из­бо­ри се­ри­оз­но е раз­ни­ша­на. За­ев во сво­јот гу­бит­нич­ки го­вор (не са­мо по­ра­ди ре­зул­та­ти­те, ту­ку и по­ра­ди на­чи­нот на кој се оби­де да ја пре­фр­ли ви­на­та за уште еден за­гу­бен из­бо­рен про­цес) со ни­ту еден де­таљ или при­мер не го образ­ло­жи твр­де­ње­то де­ка вла­ста ја спре­чи­ла вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те со „си­сте­мат­ска краж­ба“. Оби­дот да ја оправ­да очиг­лед­но ло­шо исп­ла­ни­ра­на­та и не­ус­пеш­но ре­а­ли­зи­ра­на­та пар­ти­ска стра­те­ги­ја, ко­ја из­ве­сен пер­и­од е за­чи­не­та со агре­сив­но и кон­ти­ну­и­ра­но на­вре­ду­ва­ње на си­те про­тив­ни­ци и не­и­сто­мис­ле­ни­ци и со упор­но ома­ло­ва­жу­ва­ње на мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни, се по­ка­жа ка­ко по­гу­бен. Са­мо­у­бис­тве­на­та стра­те­ги­ја не са­ка­ат да ја приз­на­ат ни­ту За­ев, ни­ту Ше­ке­рин­ска, ни­ту, пак, пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат Пен­да­ров­ски иа­ко си­те се свес­ни де­ка од­го­вор­но­ста за број­ки­те на нив­но­то кон­то е са­мо нив­на.

За­ев на го­вор­ни­ца­та изг­ле­да­ше из­не­на­ден и раз­о­ча­ран од но­ви­от де­бакл (што му го пре­до­чу­ва­ше екс­перт­ска­та јав­ност) са­кај­ќи да оста­ви впе­ча­ток де­ка не­кој му ја украл под­др­шка­та од гра­ѓа­ни­те. Но, на­ме­сто да се со­о­чи со не­ус­пе­хот, тој се заг­ла­ви во уште по­не­при­јат­на по­зи­ци­ја про­дол­жу­вај­ќи да ма­ни­пу­ли­ра со јав­но­ста.

Но­ви­на­рот Але­ксан­дар Чо­мов­ски сме­та де­ка СДСМ ја до­би­ла по­ра­ка­та од гра­ѓа­ни­те и де­ка не­ма пра­во да ба­ра али­би со образ­ло­же­ние де­ка гра­ѓа­ни­те се ис­пра­ве­ни пред тор­ту­ра во ко­ја не­ма­ат пра­во на свое мис­ле­ње.

Aleksandar-Comovski-analiza

– Де­фи­ни­ци­ја­та на си­стем­ска краж­ба на гла­со­ви е кон­ти­ну­и­тет на СДСМ и до­де­ка не из­ле­зат од таа ма­три­ца, де­ка не­кој друг им е ви­но­вен, не мо­жат да се свр­тат кон сопс­тве­ни­те гре­шки, кон про­на­о­ѓа­ње мо­дел во кој ќе се спра­ват со та­ка­на­ре­че­ни­от ре­жим. За ка­ква хра­брост збо­ру­ва­ат ако не мо­жат да се со­о­чат со гра­ѓа­ни­те и да вле­зат во из­би­рач­ко­то те­ло, да го мо­ти­ви­ра­ат. Тоа е су­шти­на­та – из­ја­ви но­ви­на­рот Але­ксан­дар Чо­мов­ски во отво­ре­но­то сту­дио на МРТВ по по­вод пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри.

Из­ла­га­ње­то на За­ев, спо­ред про­фе­сор­ка­та Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јо­ва­нов­ска, прет­ста­ву­ва по­ли­тич­ко фи­ја­ско.

Tanja-Karakamiseva-analiza– Не­по­сред­но пред обра­ќа­ње­то бе­ше утвр­ден се­ри­о­зен дел од еле­кто­ра­тот кој­што гла­сал за гос­по­ди­нот Сте­во Пен­да­ров­ски. Не­кол­ку ми­ну­ти по­тоа да го де­ле­ги­ти­ми­ра на­ви­сти­на е еден фра­пан­тен го­вор, ед­но фра­пант­но по­ли­тич­ко фи­ја­ско, ме­ѓу­тоа и са­мо­у­бис­твен го­вор кој пос­ле не­го и во на­ред­ни­ов пер­и­од не­ма да мо­же да го ис­пе­ре ни­ту ед­на дру­га из­ја­ва ко­ја би би­ла да­де­на ка­ко по­зи­тив­но обра­ќа­ње на гос­по­ди­нот За­ев. Јас на­ви­сти­на сум шо­ки­ра­на, не знам кој би мо­жел да го со­ве­ту­ва да на­ста­пи та­ка – ве­ли Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јо­ва­нов­ска.

Не по­мал­ку др­зок и аро­ган­тен во обра­ќа­ње­то иста­та ве­чер бе­ше и опо­зи­ци­ски­от кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел кој, на­ме­сто да со­бе­ре си­ли за да го приз­нае по­ра­зот и да му че­сти­та на про­тив­ни­кот, на без­о­бра­зен на­чин ги на­вре­ди и на­ро­дот и про­ти­вкан­ди­да­тот – оној кој иста­та ве­чер го дек­ла­си­ра­ше со убед­ли­ва раз­ли­ка од 122.000 гла­са.

– Бро­јот гла­со­ви на кан­ди­да­тот на вла­ста, по мое уве­ру­ва­ње, не е ре­зул­тат на не­го­ви­те ква­ли­те­ти. Са­кам да по­ра­чам де­ка бор­ба­та не е за­вр­ше­на. Ни прет­стои вто­ри­от круг, имам на­ме­ра до пос­лед­ни­от ден да се бо­рам за кон­цеп­тот и за иде­и­те во кои ве­ру­вам. Уве­рен сум де­ка и во ва­кви ус­ло­ви на си­сте­мат­ски при­ти­сок и уце­ни мо­же­ме да дој­де­ме до по­бе­да на 27 април – из­ја­ви Пен­да­ров­ски.

„Ре­пуб­ли­ка“ во не­кол­ку прет­ход­ни бро­е­ви пре­ду­пре­ди де­ка ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та ку­ка­вич­ки из­бег­ну­ва да се со­о­чи со гра­ѓа­ни­те и ба­ра жр­тви за двој­ни­от из­бо­рен по­раз. За­ев и Ше­ке­рин­ска про­дол­жи­ја со гу­бит­нич­ка­та стра­те­ги­ја на агре­сив­но по­ни­жу­ва­ње на не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те сме­тај­ќи де­ка на тој на­чин ќе ја отфр­лат од­го­вор­но­ста за де­бак­лот. Ка­ко и во ми­на­ти­те осум го­ди­ни, каз­на­та за аро­гант­но­то од­не­су­ва­ње и овој пат ги стиг­на, са­мо по­ра­но од што си­те ре­ал­но оче­ку­вав­ме.

Се­пак, иа­ко цр­ве­ни­от кар­тон им бе­ше по­ка­жан уште во пр­во­то по­лу­вре­ме, За­ев, Ше­ке­рин­ска (ко­ја ве­чер­та по из­бо­ри­те во­оп­што не се по­ја­ви во јав­но­ста) и Пен­да­ров­ски, крај­но без­о­браз­но, се оби­доа ви­на­та за сопс­тве­ни­от не­ус­пех да им ја при­пи­шат на си­те, освен на се­бе. Си­те трој­ца за­ед­но не­маа ни тро­шка од хра­бро­ста на нив­ни­от по­ра­не­шен шеф Бран­ко Цр­вен­ков­ски, кој по пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2011 го­ди­на, ка­ко то­га­шен ли­дер на опо­зи­ци­ја­та, из­ле­зе и ре­че: „На­ро­дот е се­ко­гаш во пра­во, ду­ри и ко­га гре­ши. До си­те гра­ѓа­ни упа­ту­вам бла­го­дар­ност што беа хра­бри и од­важ­ни да гла­са­ат за нас. Огром­на под­др­шка се 370.000 гла­са. И по­крај сѐ што се слу­чу­ва­ше во из­ми­на­ти­те два ме­се­ца, упа­ту­вам че­сти­тки до Гру­ев­ски за из­бор­ни­от ре­зул­тат“.

Politika85-2

Но, и по­крај крај­но др­ски­от ја­вен на­стан на пар­ти­ски­от врв на СДСМ и оби­дот со ве­штач­ко ди­ше­ње да се вра­ти во жи­вот па­ци­ент од ко­ма, ве­ќе ду­ри и на врап­чи­ња­та им е јас­но што мо­же да се оче­ку­ва на 27 април. Епи­ло­гот е тол­ку очиг­ле­ден што ду­ри и са­ми­те тие до­бро го зна­ат тоа. До­кол­ку е по­и­на­ку, од­нос­но ако на­ви­сти­на не ус­пе­ва­ат ре­ал­но да ги сог­ле­да­ат ре­ал­но ра­бо­ти­те и не сфа­ќа­ат во ка­ква ка­ша се на­о­ѓа­ат, то­гаш има­ат проб­лем со са­ми­те се­бе, а не со на­ро­дот ко­го упор­но го об­ви­ну­ва­ат и на­вре­ду­ва­ат.

Оби­дот на ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та да се огра­ди од из­бор­ни­от по­раз, ко­неч­но го уви­доа и по­го­ле­ми­от дел од про­о­по­зи­ци­ски на­стро­е­ни­те ана­ли­ти­ча­ри. За вол­ја на ви­сти­на­та, сѐ уште има еден дел од „не­за­вис­ни­те“ кре­а­то­ри на јав­но мис­ле­ње кои не мо­жат да ја при­фа­тат ре­ал­но­ста и се од­не­су­ва­ат ка­ко да жи­ве­ат во па­ра­ле­лен свет, но ин­те­рес­но е тоа што до­бар дел од же­сто­ки­те кри­ти­ча­ри на вла­ста гле­да­ат се­ри­о­зен проб­лем во опо­зи­ци­ски­те ре­до­ви и приз­на­ва­ат де­ка се не­при­јат­но из­не­на­де­ни од на­ста­пот на пар­ти­ски­те во­да­чи по со­оп­шту­ва­ње­то на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти.

Тоа што за­се­га ни оста­ну­ва да се на­де­ва­ме е де­ка во нај­ско­ро вре­ме во СДСМ ќе се слу­чат те­мел­ни про­ме­ни, кои комп­лет­но ќе го сме­нат ли­кот на пар­ти­ја­та и де­ка но­во­то ра­ко­водс­тво, на­ме­сто да ле­та во об­ла­ци, ќе се спу­шти на зем­ја и цвр­сто ќе за­че­ко­ри по па­тот што ќе го тра­си­ра­ат гра­ѓа­ни­те, а не не­ка­ква си­ва еми­нен­ци­ја.

За да не ги гле­да­ме во иста­та или во уште по­ло­ша сли­ка и во след­ни­те из­бор­ни цик­лу­си, иск­лу­чи­тел­но важ­но е што по­ско­ро по 27 април да се пре­зе­мат ре­ши­тел­ни че­ко­ри за комп­ле­тен ре­монт на пар­ти­ја­та. Тоа ќе би­де од го­ле­мо зна­че­ње не са­мо за ви­стин­ски­те ле­ви­ча­ри, ту­ку и за си­те ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни што ќе до­би­јат ви­стин­ска по­ну­да што ќе би­де се­ри­оз­на кон­ку­рен­ци­ја на оваа од акту­ел­на­та власт.

(Пишува: Ненад Мирчевски | Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 85. број на неделникот „Република“, 18.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top