| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ не мами, еден „лајк“ – еден глас

Про­цен­ту­ал­но зе­ме­но, до­кол­ку гла­са­чи­те на Ива­нов и на Пен­да­ров­ски се зе­мат ка­ко ед­на це­ли­на, 57,95 про­цен­ти се за Ива­нов, а 42,05 про­цен­ти за Пен­да­ров­ски. Сли­чен е про­цен­тот на „Фејс­бук“ - 59,24 про­цен­ти под­др­шка до­би­ва Ива­нов, а Пен­да­ров­ски 40,76

Politika86-1

Ма­ке­до­ни­ја е во из­бо­рен пер­и­од, а те­ма­та из­бо­ри не е из­бег­на­та ни­ту на со­ци­јал­ни­те мре­жи. На­про­тив, „Фејс­бук“ е пре­тво­ре­но во нај­го­лем про­мо­тор на по­ли­ти­ча­ри­те, па­ри­и­те и на нив­ни­те про­гра­ми, ка­ко и во про­стор ка­де што се во­ди нај­го­ле­ма­та де­ба­та. Под се­кој линк об­ја­вен на „Фејс­бук“ по­вр­зан со по­ли­ти­ка се ре­дат ни­за ко­мен­та­ри, рас­пра­вии, на­вре­ди.

Се чи­ни, по­а­ктив­ни се под­др­жу­ва­чи­те на опо­зи­ци­ја­та. Чле­но­ви­те на две­те пар­тии актив­но об­ја­ву­ва­ат ста­тии од пор­та­ли на кои е по­со­че­на нив­на­та про­гра­ма, ка­ко и нив­ни­те актив­но­сти во овој пре­диз­бо­рен пер­и­од. Но, се­пак, опо­зи­ци­ја­та не­ка­ко по­до­бро ус­пеа да го иско­ри­сти овој бесп­ла­тен на­чин на про­мо­ви­ра­ње. Нив­ни­те под­др­жу­ва­чи по­сто­ја­но по­ви­ку­ва­ат на под­др­шка на СДСМ и на пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат Сте­во Пен­да­ров­ски. Про­па­ги­ра­ат, пра­шу­ва­ат, кри­ти­ку­ва­ат, па ду­ри и на­вре­ду­ва­ат. Ту­ка вле­гу­ва­ат и но­ви­на­ри­те што ра­бо­тат во ме­ди­у­ми под­др­жа­ни од опо­зи­ци­ја­та. Кај ре­чи­си се­кој од овие но­ви­на­ри ќе нај­де­те ста­тус од ти­пот – до­бро, што тол­ку ви се до­пад­на кај Ива­нов во овие пет го­ди­ни до­де­ка бе­ше пре­тсе­да­тел за пак да гла­са­те за не­го, или, пак, за прв­пат гла­сам од ср­це за­о­кру­жу­вај­ќи го бро­јот пред име­то на Пен­да­ров­ски. Тоа не е слу­чај кај дру­га­та стра­на. Глав­ни про­мо­то­ри се актив­ни­те пар­ти­ски чле­но­ви и ту­ка не­ка­де за­вр­шу­ва таа про­па­ган­да пре­ку „Фејс­бук“.

Politika86-2

Politika86-3-tbl

Но да­ли тоа му но­си гла­со­ви на СДСМ?! Иа­ко про­мо­то­ри­те на СДСМ на „Фејс­бук“ се, ве­ро­јат­но, пом­но­гу­број­ни и по­а­ктив­ни, ВМРО-ДПМНЕ и нив­ни­от кан­ди­дат Ѓор­ге Ива­нов има­ат мно­гу по­го­ле­ма под­др­шка. Тоа што е ин­те­рес­но е фа­ктот де­ка раз­ли­ка­та ме­ѓу под­др­шка­та за Ива­нов и под­др­шка­та за Пен­да­ров­ски на „Фејс­бук“ и раз­ли­ка­та ме­ѓу гла­со­ви­те што овие кан­ди­да­ти ги до­би­ја на пр­ви­от круг од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри е иден­тич­на. Ива­нов на „Фејс­бук“ има под­др­шка од 97.823 ко­рис­ни­ци на со­ци­јал­на­та мре­жа. Нас­про­ти не­го, Пен­да­ров­ски има 67.381 „лај­ка“, што е за ед­на тре­ти­на по­мал­ку. Ива­нов, пак, на пр­ви­от круг до­би под­др­шка од 449.442 гла­са­чи, што е ед­на тре­ти­на по­ве­ќе од гла­са­чи­те што се опре­де­ли­ја за про­ти­вкан­ди­да­тот Пен­да­ров­ски – 326.164.

Про­цен­ту­ал­но зе­ме­но, до­кол­ку гла­са­чи­те на Ива­нов и на Пен­да­ров­ски се зе­мат ка­ко ед­на це­ли­на, 57,95 про­цен­ти се за Ива­нов, а 42,05 про­цен­ти за Пен­да­ров­ски. Сли­чен е про­цен­тот на „Фејс­бук“ – 59,24 про­цен­ти под­др­шка до­би­ва Ива­нов, а Пен­да­ров­ски 40,76.

Мно­гу­ми­на ве­леа де­ка „Фејс­бук“ не е ни­ка­ков ре­пер, со ог­лед на тоа де­ка го­лем дел од тие што сти­ска­ат „ми се до­па­ѓа“ тоа го пра­ват од љу­бо­пит­ство и од жел­ба да сле­дат што се слу­чу­ва на тие стра­ни­ци, иа­ко не­ма да гла­са­ат за по­ли­ти­ча­рот или за пар­ти­ја­та што ја „под­др­жа­ле“ на „Фејс­бук“. Се­пак, број­ки­те по­ка­жу­ва­ат де­ка со­од­но­сот е тој.

„Ре­пуб­ли­ка“ ве­ќе пи­шу­ва­ше де­ка во Ма­ке­до­ни­ја ни­кој не пра­ви стра­те­ги­ја за ко­ри­сте­ње­ на со­ци­јал­ни­те мре­жи иа­ко, спо­ред искус­ни­те со­ци­јал­ни ме­на­џе­ри (та­ка се на­ре­ку­ва­ат струч­ња­ци­те за ко­ри­сте­ње на со­ци­јал­ни­те мре­жи во мар­ке­тин­шки це­ли, ра­бо­та што во све­тот е мош­не до­бро пла­те­на), не­ма ре­зул­та­ти без до­бро вла­де­е­ње на оваа проб­ле­ма­ти­ка. Во Ма­ке­до­ни­ја ни­кој не ги ко­ри­сти ни ап­ли­ка­ци­и­те за гла­са­ње што ги соз­да­де „Фејс­бук“, ка­ко „мај во­ут“ или „ај во­ут“. Се­пак, „Феј­бук“ се по­ка­жа ка­ко со­од­ве­тен во ме­ре­ње на под­др­шка­та на по­ли­ти­ча­ри­те. Мно­гу по­то­чен од не­кои аген­ции за ме­ре­ње на реј­тин­гот, кои из­ле­гоа со свои прог­но­зи пред пр­ви­от круг. Не е ни чуд­но што по пр­ви­от круг, од­нос­но во пер­и­о­дот од пр­ви­от до вто­ри­от круг од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, ка­ко и пред гла­са­ње­то за но­ви­от пар­ла­мен­та­рен со­став, не­ма прог­но­зи од тие аген­ции.

 

ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ 2:1

До­кол­ку ста­ти­сти­ка­та со број­ки­те од под­др­жу­ва­чи­те на „Фејс­бук“ на Ива­нов и на Пен­да­ров­ски и гла­со­ви­те од пр­ви­от круг од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри се по­вто­ри и на прет­стој­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри за­ка­жа­ни за в не­де­ла, 27 април, то­гаш вла­де­јач­ка­та ВМРО-ДПМНЕ би ги до­би­ла овие из­бо­ри со 2:1 во од­нос на СДСМ.

СДСМ на „Фејс­бук“ има 40.428 под­др­жу­ва­чи, нас­про­ти 98.751 под­др­жу­ва­чи на ВМРО-ДПМНЕ, од­нос­но вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја има 2,4 па­ти по­го­ле­ма под­др­шка од опо­зи­ци­ја­та. Мно­гу е по­го­ле­ма и под­др­шка­та што ли­де­рот на по­зи­ци­ја­та, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ја има во од­нос на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та, Зо­ран За­ев. За­ев на „Фејс­бук“ го сле­дат са­мо 77.526 ко­рис­ни­ци на со­ци­јал­на­та мре­жа, до­де­ка, пак, Гру­ев­ски го сле­дат 158.585. Во­оп­што не се спо­ред­ли­ви под­др­жу­ва­чи­те што ги има Гру­ев­ски ка­ко но­си­тел на кан­ди­дат­ска­та ли­ста на ВМРО-ДПМНЕ во пр­ва­та из­бор­на еди­ни­ца, нас­про­ти под­др­жу­ва­чи­те што ги има Ре­на­та Де­ско­ска ка­ко но­си­тел на кан­ди­дат­ска­та ли­ста на СДСМ во иста­та из­бор­на еди­ни­ца.

Politika86-4-tbl

Ин­те­ре­сен е фа­ктот де­ка ли­де­ри­те на пар­ти­и­те има­ат мно­гу по­го­ле­ма под­др­шка од под­др­шка­та што ја до­би­ва­ат пар­ти­и­те на „Феј­бук“. Гру­ев­ски има 60.000 под­др­жу­ва­чи по­ве­ќе од не­го­ва­та пар­ти­ја, За­ев има 37.000 под­др­жу­ва­чи по­ве­ќе од СДСМ.

Ива­нов на овие из­бо­ри до­би 450.000 гла­са. Тој, пак, на „Фејс­бук“ има мно­гу по­го­ле­ма под­др­шка од таа што ја ужи­ва Сте­во Пен­да­ров­ски, но и мно­гу по­ма­ла под­др­шка од таа што ја има ли­де­рот Гру­ев­ски. Под­др­шка­та за Ива­нов е ре­чи­си иден­тич­на со под­др­шка­та на ВМРО-ДПМНЕ.

Пен­да­ров­ски, пак, има­ше под­др­шка од 327.000 гла­са­чи. Но не­го­ва­та под­др­шка е мно­гу по­го­ле­ма од таа што ја ужи­ва пар­ти­ја­та што го пред­ла­га – 20.000, а мно­гу бли­зу до под­др­шка­та што ја има ли­де­рот За­ев. Раз­ли­ка­та во под­др­жу­ва­чи на „Фејс­бук“ ме­ѓу За­ев и Пен­да­ров­ски е са­мо 10.000 во ко­рист на ли­де­рот. Ту­ка се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то да­ли тоа зна­чи де­ка ќе се ос­тва­рат прог­но­зи­те на аген­ци­и­те за ме­ре­ње на реј­тин­гот де­ка гла­сот за Пен­да­ров­ски не зна­чи и глас за СДСМ, од­нос­но де­ка под­др­шка­та што опо­зи­ци­ја­та ќе ја до­бие на овие пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ќе би­де по­ма­ла од таа што ја до­би Пен­да­ров­ски на пр­ви­от круг од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри.

(Пишува: Билјана Зафирова | Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 86. број на неделникот „Република“, 25.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top