| четврток, 6 декември 2018 |

Остануваат уште пет дена за пријавување на „Виз ер скопски маратон 2014“: Дали ова ќе биде најмасовната трка низ скопските улици?

Како што се доближува датумот на одржување на најмасовната трка низ скопските улици, така бројот на пријавени учесници се зголемува. Според бројот на пријавени, овогодинешното издание на „Виз ер скопски маратон 2014“ ќе биде најмасовното издание досега.

Повеќе од 1.000 пријавени рекреативци и вљубеници во трчањето го пријавија своето учество за маратонската и за полумаратонската трка, кое заврши во текот на вчерашниот ден. Пријавувањето за  хуманитарната трка на пет километри е во тек и ќе трае сѐ до 30 април 2014 година. Бројот на пријавени за трка на пет километри досега е повеќе од 3.000 граѓани, кои ќе се појават на стартната линија на 11 мај, број, кој, според организаторот, ќе расте за, конечно, да се достигне бројката од 6.000 учесници. Со ова би се урнал рекордот на учесници и „Виз ер скопски маратон“ ќе биде најмасовната маратонска трка одржана во републиката.

Ваквата бројка само покажува дека македонските граѓани сè посвесно размислуваат позитивно во врска со спортувањето, а „Виз ер скопски маратон 2014“ е само можност да покажат дека здравиот живот и спортувањето се неопходност и треба да бидат секојдневие за секој од нас.

Организаторот ги очекува сите граѓани што рекреативно спортуваат, го сакаат спортот или, едноставно, сакаат да видат како е да се трча маратонска трка, да се пријават и да бидат дел од спортската манифестација број еден во Македонија – „Виз ер скопски маратон 2014“. За годинашното издание се предвидени многу новитети и изненадувања за пријавените учесници, додека потврда на угледот кој трката го градеше низ изминатите изданија ќе биде присуството на светскиот рекордер во маратон, Вилсон Кипсанг.

Пријавете го своето учество на www.skopskimaraton.com.mk најдоцна до 30 април 2014 година и бидете и вие дел од најмасовната трка во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top