| четврток, 6 декември 2018 |

Гигс: Среќен сум, но и нервозен

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед и легендата на клубот Рајан Гигс за првпат зборуваше за својата нова улога во клубот во кој ја помина целата своја кариера.

– Горд сум, среќен и малку нервозен. Едвај чекам да дојде сабота и да излезам на теренот. Знам дека стадионот ќе се тресе и навивачите ќе застанат зад нас. Ова е најгорд момент во мојот живот. Мојот живот е поврзан за овој клуб – изјави Рајан Гигс.

Тој откри дека по именувањето за привремен тренер прво разговарал со легендарниот сер Алекс Фергусон.

– Него го побарав прв. Ми беше потребен совет и сакав да знам што можам да очекувам. На навивачите ќе им пружиме нешто што ќе ги натера да бидат гласни, а тоа се голови и пожртвувана игра. Филозофијата на Јунајтед лежи во напаѓачката игра – додаде Велшанецот.

Манчестер утре на „Олд Трафорд“ ќе се сретне со Норич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top