| четврток, 6 декември 2018 |

Бихаќка за гинис – четврти бојкот во една година?!

Кој гу­би има пра­во да се лу­ти, но не и да бој­ко­ти­ра ре­зул­та­ти од из­бо­ри. Ова на­ку­со би бил потс­меш­ли­ви­от ко­мен­тар на нај­а­ви­те за не­приз­на­ва­ње на оче­ку­ва­ни­от де­бакл в не­де­ла. ДУИ со бој­ко­тот на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри на 13 април нѐ сме­сти во друш­тво­то на Бре­гот на Сло­но­ва­та Ко­ска и на Гви­не­ја. СДСМ, пак, со нај­а­ва­та на бој­ко­тот на ре­зул­та­ти­те нѐ ста­ва во ха­риз­ма­тич­но­то друш­тво на Хон­ду­рас и на Ве­не­цу­е­ла. Па­ра­ле­ла­та што ги збли­жи За­ев и Ах­ме­ти е мал­ку и ко­мич­на – ток­му ли­де­рот од Би­ха­ќка прет­ход­но во ин­терв­ју ги из­ме­ша коц­ки­те и збо­ру­ва­ше за Јуж­на Афри­ка, мис­леј­ќи на Јуж­на Аме­ри­ка. Еден од мно­гу­те га­фо­ви, но, очиг­лед­но, пот­све­ста му ра­бо­те­ла. Ова би бил и свет­ски ре­корд – че­твр­ти бој­кот на пар­ти­ја во ед­на го­ди­на...

Analiza86-2

„Ма­фи­и­те и бо­со­ви­те не се проб­ле­ми со кои се со­о­чу­ва­ат лу­ѓе­то во Јуж­на Афри­ка, тие, за жал, има­ат дру­ги, ег­зи­стен­ци­јал­ни проб­ле­ми“, ова е еден од де­се­ти­ци­те до­бри га­фо­ви на ли­де­рот во из­ми­на­та­та го­ди­на. Лап­су­зот во пси­хо­ло­ги­ја­та е поз­нат под тер­ми­нот „фрој­дов­ска ре­шка“ и се соз­да­ва во мо­мен­тот ко­га са­ка­те да скри­е­те по­да­ток или на­ме­ра, но пот­свес­но не­што, ед­но­став­но, ве те­ра да го откри­е­те и из­ва­ди­те од се­бе. Ме­ша­ње­то на сте­ре­о­ти­пи­те за кон­ти­нен­ти­те на пр­ви­от чо­век на Би­ха­ќка, пак, не­ми­нов­но го доб­ли­жи до не­го­ви­от ко­ле­га од Ма­ла Ре­чи­ца, кој, да би­де­ме искре­ни, го по­го­ди кон­ти­нен­тот. И до­де­ка За­ев збу­не­то збо­ру­ва­ше за Јуж­на Афри­ка, мис­леј­ќи при­тоа на Јуж­на Аме­ри­ка, пот­свес­но му се доб­ли­жи на Ах­ме­ти, ко­му, спо­ред пр­ви­от круг на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, оми­ле­ни му се афри­кан­ски­те ма­ни­ри на бој­кот на из­бо­ри за­тоа што са­мо та­му и ги има во из­ми­на­та­та де­це­ни­ја. Раз­ли­ка­та е во фа­ктот што ли­де­рот на ДУИ тоа го пра­ви, ба­рем офи­ци­јал­но, во име на ал­бан­ска­та ка­у­за за т.н. кон­сен­зу­а­лен или, по­ве­ро­јат­но, ка­ри­ка­ту­ра­лен пре­тсе­да­тел, а нај­а­ва­та за не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­те ре­зул­та­ти на 27 април од скоп­ска­та улич­ка, до­кол­ку ги има, ќе по­мог­нат во раз­не­би­ту­ва­ње­то на ка­у­за­та, ама ма­ке­дон­ска, а ќе ѝ по­мог­нат са­мо на грч­ка­та. Та­ка, са­ка­ле или не, но бој­ко­тот, ед­ни­от спро­ве­ден – дру­ги­от нај­а­вен, пре­ку Афри­ка ги спои двај­ца­та ли­де­ри.

 

Analiza86-1

Заев најави бојкот во вториот круг

При­ка­ска­та за бој­ко­тот на СДСМ, мо­же­би, поч­на, но не за­вр­ши на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те по­ви­ци на „не­за­вис­ни­те“ но­ви­на­ри и ана­ли­ти­ча­ри за бо­жем­на­та не­оп­ход­ност од бој­кот на из­бо­ри­те. Мож­но­ста за по­втор­но пра­кти­ку­ва­ње на оми­ле­на­та игра на­ре­че­на бој­кот ди­рект­но ја на­ве­сти и ли­де­рот на СДСМ во ин­терв­ју за „Ра­дио Сло­бод­на Евро­па“.

„…Си­те оп­ции се отво­ре­ни. Комп­лет­но си­те оп­ции. Бој­кот, не­приз­на­ва­ње на ре­зул­та­ти­те, улич­на де­мо­кра­ти­ја, оп­ци­ја­та на по­бе­да…“, нај­а­ви ли­де­рот на опо­зи­ци­ски­от СДСМ. За­ев го ка­жа ова, но при­тоа за­бо­ра­ви да пре­не­се ка­ко на сопс­тве­ни­от на­род ќе му об­јас­ни де­ка не го приз­на­ва не­го­ви­от из­бор, ни­ту ка­ко ќе ги до­ка­же евен­ту­ал­ни­те при­ти­со­ци и бо­жем­на­та вла­ди­на кон­тро­ла на се­кој гла­сач. Са­мо нај­а­ви де­ка тие оде­ле на по­бе­да, т.е. по се­ко­ја це­на ќе се вра­ќа­ле на власт. Пре­ра­бо­тка­та на ма­кси­ма­та на Ма­ки­ја­ве­ли во вер­зи­ја спо­ред Би­ха­ќка би гла­се­ла „Вла­ста ги оправ­ду­ва средс­тва­та…“

 

Како се прават „теренските“ анализите на Бихаќка?!

Пос­лед­ни­те ва­кви слу­чу­ва­ња во све­тот, во кои се ста­ва­ат под знак пра­шал­ник ре­зул­та­ти од из­бо­ри, беа во Хон­ду­рас и во Ве­не­цу­е­ла, т.е. во Цен­трал­на и во Јуж­на Аме­ри­ка. Зем­ји­те со нај­го­лем про­цент на убис­тва во овој дел од Зем­ји­на­та топ­ка. Мо­же­би но­ви­от гаф ќе би­де де­ка Цен­трал­на Аме­ри­ка е во Те­ксас, ка­ко што, спо­ред ан­ке­ти­те, мис­лат дел од жи­те­ли­те на САД – чи­и­што про­дол­же­ни пр­сти, пре­ку „нев­ла­ди­на­та“ НДИ, ни ди­кти­раа „по­тре­ба“ за пре­тсе­да­тел­ска де­ба­та, ко­ја, за нив­на жал, не ус­пеа. Но ан­ке­ти­те и та­ка не се приз­на­ва­ат на Би­ха­ќка, освен ко­га до­а­ѓа­ат од нив­ни­те аген­ции, кои, ка­ко по пра­ви­ло, де­се­ти­на го­ди­ни одат од ед­на во дру­га гре­шка. Мно­гу­ми­на со­ци­јал­де­мо­кра­ти, за сра­мот да би­де по­мал,скриш­но по­са­каа ба­рем ра­ко­водс­тво­то да ги ко­ри­сте­ше ус­лу­ги­те на јас­но­ви­тка­та Кле­о­па­тра или стру­ми­чан­ка­та (по по­тек­ло) Ба­ба Ван­ѓа, но таа по­чи­на пред 18 го­ди­ни. Про­це­на­та е де­ка ду­ри и та­ка, со јас­но­вид­ци, прог­но­зи­те ќе беа поб­ли­ски од прет­ска­жа­но­то од аген­ци­ја­та за ис­пи­ту­ва­ње ан­ти­реј­тинг. Но, во са­мо­на­ре­че­на­та „др­жа­во­твор­на“ пар­ти­ја не ве­ру­ва­ат во ба­јач­ки и во јас­но­вид­ци, па, очиг­лед­но, им оста­на са­мо еден, ен­дем­ски и ори­ги­на­лен ме­тод – соз­да­ва­ње ана­ли­зи ди­рект­но на те­рен, ме­ѓу гра­ѓа­ни­те. Но не со ко­ри­сте­ње на ка­ква и да е ме­то­до­ло­ги­ја, со­од­ве­тен при­ме­рок или стру­кту­ра на гра­ѓа­ни, ту­ку по сопс­твен ре­цепт, ед­но­став­но – ако не­ка­де гра­ѓа­ни­те ве пре­че­ка­ат до­бро, не мо­ра и во го­лем број, то­гаш е по­ве­ќе од јас­но – вие сте по­бед­ни­ци?!

Ова е ед­но­став­ни­от зак­лу­чок што про­из­ле­зе од ка­жа­но­то од ли­де­рот и не­го­ви­от единс­твен, ма­кар и ква­зи­ар­гу­мент при об­јас­ну­ва­ње­то на скан­да­лоз­но­то твр­де­ње – зо­што пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри би­ле фал­си­фи­кат. „Во из­ми­на­ти­от пер­и­од бев­ме све­до­ци на ма­сов­на под­др­шка на опо­зи­ци­ја­та и на кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел“, ова беа по­мал­ку чуд­ни­те, но и единс­тве­ни опис­ни збо­ро­ви врз ос­но­ва на кои опо­зи­ци­ја­та на 13 април, бу­квал­но, прог­ла­си фал­си­фи­кат. Сред­би­те со гра­ѓа­ни­те, ед­но­став­но и јас­но, ги уве­ри­ле де­ка се пред по­бе­да. Не ги раз­у­бе­ди ни­ту ре­зул­та­тот со ку­сок од „са­мо“ 123.000 гла­со­ви. И тие би­ле про­дукт на си­стем­ски при­ти­сок, уце­ни и за­ка­ни, но не об­јас­ни­ја ни ка­ко се слу­чу­ва­ло тоа. Два де­на по­тоа, нив­ни­от кан­ди­дат за шеф на др­жа­ва­та тие 123.000 гра­ѓа­ни ги ста­ви во по­го­ле­ма­та гру­па од 448.000 и ги на­ре­че сто­ка, то­ва­ре­на во ка­ми­о­ни за да гла­са на из­бо­ри. И ко­га си­те мис­леа де­ка не­кој, ко­неч­но, ќе ја сфа­ти те­жи­на­та и гр­до­ти­ја­та на се­то тоа што бе­ше ка­жа­но и на­пра­ве­но во из­ми­на­ти­те де­но­ви, ка­ко во сце­на­рио на евтин бо­ли­вуд­ски три­лер, се слу­чи со­се­ма спро­тив­но­то. Ли­де­рот из­ле­зе во јав­ност со нај­цр­на­та кам­па­ња во исто­ри­ја­та на др­жа­ва­та…

 

Повеќе рецепти за создавање криза

Прог­но­зи­те на поз­на­ва­чи­те, се­пак, ве­лат де­ка СДСМ те­шко ќе се ре­ши на сце­на­ри­о­то за не­приз­на­ва­ње на ре­зул­та­ти­те од пар­ла­мен­тар­ни­те или пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, но со го­ле­ма ре­зер­ва по­ра­ди не­пред­вид­ли­во­ста на но­ва­та пар­ти­ска куј­на на Би­ха­ќка . За нив, мо­же­би по­ве­ро­јат­на е оп­ци­ја­та СДСМ да ги бој­ко­ти­ра пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, во обид на овој на­чин да го ур­не цен­зу­сот од 40 про­цен­ти за из­бор на пре­тсе­да­тел и да пре­диз­ви­ка но­ви из­бо­ри со но­ва, ка­ква и да е шан­са за по­бе­да. Се­пак, оста­ну­ва отво­ре­на и оп­ци­ја­та за сце­на­рио со не­приз­на­ва­ње на це­ли­от из­бо­рен про­цес. Ос­нов­но­то пра­ша­ње­то е ка­ко и со што би се ар­гу­мен­ти­рал ва­ков по­тег на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја. Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те од ма­ке­дон­ски­от и од ал­бан­ски­от блок се ед­ног­лас­ни де­ка за ва­ков чин СДСМ ќе тре­ба да при­ло­жи си­лен и нес­по­рен ар­гу­мент. Но да­ли дејс­тву­ва­ње­то на пар­ти­ја­та се­ко­гаш е оправ­да­но и со ар­гу­мен­ти?

 

Analiza86-3

„Фалсификат“ без приговор или нелогичноста на логиката на СДСМ

Дру­га­та ло­ги­ка, ко­ја е сѐ, са­мо не ло­ги­ка, се на­до­вр­зу­ва на нив­на­та пос­лед­на, по­трес­на прес-кон­фе­рен­ци­ја на 13 април, ко­га пр­во кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел ја поч­на при­ка­ска­та, а ли­де­рот бра­ву­роз­но ја за­вр­ши. Ток­му За­ев ве­чер­та об­ја­ви де­ка ре­зул­та­ти­те не се про­дукт на вол­ја­та на на­ро­дот, т.е. де­ка се ра­бо­ти за кла­си­чен фал­си­фи­кат на из­бо­ри. Освен го­ре­на­ве­де­ни­от ар­гу­мент де­ка би­ле од­лич­но пре­че­ку­ва­ни на те­рен, кај лу­ѓе што нед­вој­бе­но се и нив­ни пар­ти­ски чле­но­ви, тој не по­ну­ди ни­ка­ков друг до­каз. Нај­го­лем ар­гу­мент за нив­на­та не­ар­гу­мен­ти­ра­ност е фа­ктот што СДСМ не под­не­се ни­ту еден единс­твен при­го­вор до ДИК, те­ло што го ра­ко­во­ди нив­ни­от член Ни­ко­ла Рил­ко­ски. Ло­гич­но­то пра­ша­ње што вед­наш про­из­ле­зе од не­ло­гич­ни­от ре­дос­лед на окол­но­сти­те е – ка­ко мо­же да об­ви­ни­те за фал­си­фи­кат на из­бо­ри, а при­тоа не под­не­су­ва­те ни­ту еден при­го­вор до ин­сти­ту­ци­ја­та во ко­ја пре­тсе­да­тел е ваш со­пар­ти­ец?! Ток­му овој чин, кој бе­ше ди­ре­ктен по­ка­за­тел на сти­хиј­но­ста и на оча­јот на Би­ха­ќка, но и кон­кре­тен ре­пер за из­не­на­де­но­ста на За­ев и на Пен­да­ров­ски, ко­ја ја по­ка­жа нив­на­та фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја при обра­ќа­ња­та, мо­же да пос­лу­жи ка­ко до­бар при­мер де­ка на оваа скоп­ска улич­ка фа­кти­те и ар­гу­мен­ти­те не се­ко­гаш се по­чи­ту­ва­ат, ба­ра­ат и при­ме­ну­ва­ат. Ако се пра­ша­те да­ли е воз­мож­но да се бој­ко­ти­ра­ат из­бор­ни ре­зул­та­ти, ко­га за тоа не би има­ло ни­ка­ква ос­но­ва, се­те­те се и де­ка збо­рот „бој­кот“ е еден од оми­ле­ни­те во во­ка­бу­ла­рот на оваа пар­ти­ја.

 

Analiza86-4

Трипати бојкот во 2013 година

Би­ха­ќка во мо­мен­тов е во би­тка за вле­гу­ва­ње во Ги­ни­со­ва­та кни­га на ре­кор­ди. Нај­ве­ро­јат­но би би­ла единс­тве­на­та пар­ти­ја­та во све­тот што би ос­тва­ри­ла че­ти­ри раз­лич­ни бој­ко­ти во са­мо ед­на го­ди­на. По кон­крет­на­та нај­а­ва за пос­лед­ни­от, тре­ба да се вра­ти­ме са­мо ед­на го­ди­на на­на­зад. Во ова ку­со вре­ме, ми­нор­но спо­ред си­те ме­ри­ла, све­до­ци сме на ду­ри три бој­ко­ти од ток­му оваа пар­ти­ја. Пр­ви­от бе­ше бој­ко­тот на пар­ла­мен­тот, со кој поч­на 2013 го­ди­на и тра­е­ше до 1 март, ко­га Фи­ле за не­пол­ни два ча­са ги вра­ти во со­бра­ни­ски­те клу­пи, при­тоа од­вра­ќај­ќи ги и од вто­ро­на­ја­ве­ни­от бој­кот – бој­кот на ло­кал­ни­те из­бо­ри, по кои, со­о­че­ни со ре­зул­та­тот 58:4 со ВМРО-ДПМНЕ, мно­гу­ми­на по­са­ку­ваа да оста­неа на ули­ци­те со пре­ка­рот „от­пор­ни­ци“, ме­сто „гу­бит­ни­ци“ по из­бо­ри­те. При тре­ти­от бој­кот, под пре­ве­зот на чин на под­др­шка на пре­тсе­да­ва­чот на Оп­шти­на Цен­тар, об­ви­нет за фи­нан­си­ски кри­ми­нал, СДСМ ја бој­ко­ти­ра­ше ра­бот­на­та гру­па за на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври, ко­ми­си­ја што тре­ба­ше да ја утвр­ди ви­сти­на­та за слу­чу­ва­ња­та во Со­бра­ни­е­то на овој тол­ку збо­ру­ван ден. Не­ра­бо­те­ње­то на оваа гру­па, пак, ни до­не­се и ло­ши оце­ни од ЕУ, од ка­де што оче­ку­ваа ко­ми­си­ја­та, ка­ко дел од Мар­тов­ски­от до­го­вор на евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње, да ги да­де тол­ку оче­ку­ва­ни­те ре­зул­та­ти. Цел­та на неј­зи­на­та ра­бо­та бе­ше да до­не­се пре­по­ра­ки за ва­кви­те ра­бо­ти ни­ко­гаш да не се по­вто­рат. Бој­ко­тот на ова те­ло и на­та­му трае. Имај­ќи пред­вид де­ка чле­но­ви од СДСМ беа Игор Ива­нов­ски-Ше­ма и Цве­тан­ка Ива­но­ва, кои во­оп­што и не се на „но­ви­те“ пра­те­нич­ки ли­сти на ко­а­ли­ци­ја­та, пра­ша­ње е и ка­ко ова те­ло ќе про­дол­жи со ра­бо­та, до­кол­ку, се­ка­ко, Би­ха­ќка не­ко­гаш се сми­лу­ва да го пре­ки­не бој­ко­тот на ра­бот­на­та гру­па, ако не по­ра­ди на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври, то­гаш по­ра­ди Бри­сел.

Ва­кви­от по­сто­ја­но ак­цен­ти­ран, аку­тен, не се­ко­гаш ло­ги­чен и од­вре­ме-на­вре­ме акту­а­ли­зи­ран по­рив го оправ­ду­ва стра­вот за нов, ма­кар и не­ар­гу­мен­ти­ран бој­кот. И т.н. „ре­жим“ и „ди­кта­ту­ра“ се дел од се­којд­нев­ни­те ла­мен­та­ции на пар­ти­ски­те ми­тин­зи, иа­ко, ре­ал­но, по­сто­јат са­мо во лу­цид­ни­те умо­ви на не­кол­ку­ми­на твор­ци, кои има­ат за­да­ча се­којд­нев­но да ос­мис­лу­ва­ат што по­цр­на и по­гр­да кам­па­ња за сво­и­те про­тив­ни­ци.

 

Vladimir-Bozinovski-analizaБожиновски – Заев да не бега од одговорноста

Ана­ли­ти­ча­ри­те се сог­ла­су­ва­ат за фа­ктот де­ка за бој­кот на из­бор­ни ре­зул­та­ти или не­приз­на­ва­ње на из­бо­ри­те ќе би­де по­тре­бен си­лен и ја­сен ар­гу­мент. СДСМ го не­ма и ќе го не­ма, ве­ли по­ли­ти­ко­ло­гот Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски. Мож­но­ста за ва­ков по­тег ја спо­ре­ду­ва со дет­ска игра, а оче­ку­ва во слу­чај на нов де­бакл, За­ев да не при­ме­ну­ва бој­кот, ту­ку да си да­де оста­вка.

Божиновски: За тоа ќе тре­ба еден мно­гу си­лен ар­гу­мент, кој тие го не­ма­ат. За­ев во не­де­ла­та на 13 април из­ле­зе со твр­де­ње за фал­си­фи­кат, твр­де­ње што не­ма­ше ни­ка­ква ос­но­ва за­тоа што, спо­ред си­те наб­љу­ду­ва­чи, да­ли би­ле до­маш­ни или стран­ски, не­ма­ше ни­ка­кви по­се­ри­оз­ни за­бе­ле­шки, што ги пра­ви, мо­же­би, нај­чи­сти­те из­бо­ри во до­се­гаш­на­та исто­ри­ја на ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја. Не гле­дам зо­што не­кој би ги прог­ла­су­вал за не­ле­гал­ни из­бо­ри­те, и тоа пред вре­ме. Ма­ке­до­ни­ја по­ка­жа де­ка мо­же да ор­га­ни­зи­ра швед­ски из­бо­ри. Да по­че­ка­ме, се­пак, да ви­ди­ме ка­ко ќе по­ми­нат, но вла­ста не­ма при­чи­на да ги ми­ни­ра из­бо­ри­те, а ток­му опо­зи­ци­ја­та се оби­ду­ва да се изо­ста­ви од по­ра­зот, што е не­доз­во­ли­во за еден по­ли­ти­чар. За­ев, очиг­лед­но, оди на тоа де­ка не е ви­но­вен за де­бак­лот на из­бо­ри­те, но пр­ви­от круг на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри бе­ше јас­на по­ра­ка. Ако прет­по­ста­ви­ме де­ка из­бор­ни­от ден ќе по­ми­не ка­ко прет­ход­ни­от, За­ев ќе мо­ра да ја пре­зе­ме од­го­вор­но­ста врз се­бе. И да не го на­пра­ви тоа, ќе мо­ра да об­јас­ни зо­што не го пра­ви тоа и пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и пред до­маш­на­та јав­ност, но и во СДСМ. Тоа ви е ка­ко де­ца ко­га си игра­ат и ед­но­то да ка­же: „Јас ве­ќе не играм!“ –„Зо­што?“ – „За­тоа што гу­бам!“

Ако не ус­пе­еш да по­бе­диш со сво­јот кон­цепт, тоа не зна­чи де­ка не тре­ба да го приз­на­еш про­це­сот, ве­ли Бо­жи­нов­ски. Спо­ред не­го, на За­ев мо­же да му се слу­чи да би­де це­лос­но мар­ги­на­ли­зи­ран, не са­мо над­вор, ту­ку и во сопс­тве­на­та пар­ти­ја. Ед­на од ос­нов­ни­те при­до­би­вки на де­мо­кра­ти­ја­та, ве­ли тој, е по­ра­зе­ни­от јав­но да го приз­нае по­ра­зот.

Божиновски: Тој што ќе за­гу­би има пра­во да се лу­ти, но не и да го об­ви­ни по­бед­ни­кот за сопс­тве­ни­от по­раз. Ос­нов­на­та кон­ста­та­ци­ја е де­ка, ако из­бо­ри­те по­ми­нат ка­ко што тре­ба, не­ма да има ни­ка­ков ар­гу­мент и За­ев ќе би­де при­ну­ден да да­де оста­вка.

Не мо­же опо­зи­ци­ја­та да оче­ку­ва не­кој, ед­но­став­но, да им ја да­де вла­ста са­мо по­ра­ди тоа што осум го­ди­ни се во опо­зи­ци­ја?! Тре­ба да на­пра­ва­та по­до­бра и по­ква­ли­тет­на пла­тфор­ма ко­ја ќе би­де под­др­жа­на со до­бра про­гра­ма и про­е­кти, а со нај­а­ву­ва­ње бој­кот, улич­на де­мо­кра­ти­ја – тоа не­ма да им ус­пее и по­мог­не, ту­ку са­мо ќе им од­мог­не. До­каз за тоа се ло­кал­ни­те из­бо­ри во 2013 го­ди­на, ко­га со та­ков при­стап до­би­ја мно­гу по­мал­ку гла­со­ви од оче­ку­ва­но­то. Ва­ка, пак, со овој при­стап ќе ѝ овоз­мо­жат на вла­ста не са­мо уште че­ти­ри го­ди­ни, ту­ку да вла­дее и по­ве­ќе од тоа. Во де­мо­кра­ти­ја, нат­пре­ва­рот е на из­бо­ри, тре­ба да го сфа­тат тоа.

 

Albert-Musliu-analizaМуслиу – За вакво нешто ќе бидат потребни силни аргументи

И спо­ред по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар Ал­берт Мус­лиу, нес­пор­на е по­тре­ба­та од си­лен ар­гу­мент со кој би се оправ­да­ло не­приз­на­ва­ње на ре­зул­та­ти на из­бо­рен про­цес.

Муслиу: По­сто­јат два по­себ­ни при­ста­па – за пре­тсе­да­тел­ски­те и за пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри.
Во пр­ви­от слу­чај ќе се ос­по­ру­ва ле­ги­тим­но­ста на пре­тсе­да­те­лот. Дру­га ра­бо­та е да не се приз­нае ле­гал­но­ста на из­бо­ри­те. Ко­га збо­ру­ва­ме за ле­гал­но­ста и за ос­по­ру­ва­ње­то на из­бор­ни­от про­цес, ле­ги­тим­но­ста на ова ба­ра­ње ќе за­ви­си од ар­гу­мен­ти­те што ќе ги при­ка­жат при ос­по­ру­ва­ње­то на ле­гал­но­ста.

Хи­по­те­тич­ки, ако СДСМ ја ос­по­ри ле­гал­но­ста, тоа ќе би­де во ин­сти­ту­ци­и­те во кои има­ат свои прет­став­ни­ци и тоа ќе ре­зул­ти­ра со бој­кот на пар­ла­мен­тот и на ин­сти­ту­ци­и­те фор­ми­ра­ни од тој пар­ла­мент, ка­ко и пра­кти­ку­ва­ње на улич­на де­мо­кра­ти­ја. Кај ДУИ има­ме со­се­ма друг слу­чај, тие ќе ја ос­по­ру­ва­ат ле­ги­тим­но­ста на пре­тсе­да­те­лот што оди кон нив­но­то ба­ра­ње за ме­ха­низ­ми за да се по­чи­ту­ва гла­сот на Ал­бан­ци­те.

За­ев ве­ќе, бу­квал­но, прог­ла­си фал­си­фи­кат во пр­ви­от круг?

Муслиу: Јас ја раз­би­рам емо­ци­о­нал­но­ста во из­бор­ни­от про­цес, но во слу­чај тоа да се слу­чи и во вто­ри­от круг сѐ ќе за­ви­си од ар­гу­мен­ти­те, за да ги де­ле­ги­ти­ми­ра­ат из­бо­ри­те ќе мо­ра­ат да при­ло­жат сил­ни и из­др­жа­ни ар­гу­мен­ти.

(Пишува: Љупчо Цветановски | Фото: Ѓорѓи Личовски
(Текст објавен во 86. број на неделникот „Република“, 25.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top