Во многу сегменти разликата меѓу фудбалот и ракометот е огромна, а фрапантен е податокот што доаѓа од Германија. Ракометниот гигант Кил, кој задутре го игра реваншот од Лигата на шампионите против нашиот претставник Металург, објави податок дека добивката од ТВ-правата за една сезона е 160.000 евра.
Фудбалскиот клуб од истиот град Холштајн Кил, кој се натпреварува во третата германска лига, има загарантиран договор за ТВ-права вреден околу 700.000 евра. Разликата во рангот, реномето и квалитетот е огромен во корист на ракоментниот клуб, но фудбалот ја има магијата и парите, па разликата во заработката од ТВ-права е огромна во корист на нисколоигашот Холштајн Кил.
Кил во ракомет има три титули европски првак, го победи Металург со 10 гола разлика и сигурно ќе игра на завршниот турнир во Келн за нов трофеј на стариот континент. Нивниот пандан во фудбалот бие тешка битка за опстанок во третата по ранг-лига во Германија. И патем, ако се пласира во националниот куп ќе добие дополнителни 100.000 евра за ТВ-правата, што би ја направило разликата меѓу двата клуба во однос 1:5 во корист на Холштајн Кил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.