| четврток, 6 декември 2018 |

Цибона преку Звезда до финале во АБА-лигата

Кошаркарите на Црвена звезда се поразени од Цибона со 75-70 во првото полуфинале на регионалната АБА-лига.

Цибона, иако потполно заслужено помина во финале, не одигра спектакуларен натпревар. Звезда имаше ужасен шут за три поени 2/32, а, исто така, и слаб процент на шут од игра. Сето она што го направија играчите цела сезона, пропадна во тие 40 минути.

Цибона до победата ја предводеше Блејсингејм со 28 поени, а зад него беше Дарио Шариќ со 21 поен. Кај Звезда најефикасен беше Јака Блажиќ со 25 поени, додека Нелсон и Џенкинс уфрлија по 12 поени.

Во второто полуфинале денес ќе се сретнат Цедевита и Партизан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top