| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија патува и младиот бомбардер на Металург, Филип Талевски

Filip-Talevski-sport84-740x320-top

Заедно со првиот тим утре во Германија ќе патува и осумнаесетгодишниот Филип Талески, младиот суперталентиран ракометар на Металург. Со 17 години дебитираше во СЕХА-лигата, против силниот Загреб, а сега, една година подоцна, ќе се појави на теренот што го посакуваат сите – „Шпаркасе арена“.

Filip-Talevski-sport84-4

– Ми се остварува сонот. Имам можност на 18 години да настапам во Лигата на шампионите, против мојот омилен европски клуб. Тоа е круна на оваа, за мене најуспешна, сезона. Навистина сум му благодарен на мојот клуб во чии рамки ги постигнувам своите резултати, а благодарен сум му и на тренерот Лино Червар, кој во мене виде потенцијал што може да биде искористен. Подобар почеток на мојата кариера не сум можел ниту да сонувам – вели Талески.

Металург со себе поведе 17 ракометари. Останува да видиме дали во стартните 16 ќе го видиме и предводникот на кадетската и на јуниорската репрезентација, Филип Талески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top