Кандидатот за втор претседателски мандат од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов вечерва од говорницата во Кочани истакна дека за време на кампањата заедно со тимот за Македонија, поминавле илјадници километри и ги посетиле сите општини низ Македонија.
-Бевме во многу села. Имавме средби со илјадници граѓани на Република Македонија. Разговаравме со нив. Видовме што оставила транзицијата низ Македонија, но видовме и оптимизам меѓу граѓаните на Република Македонија. Затоа што прават разлика, каква беше Македонија пред 10 години, и каква е Македонија денес. Знам дека има уште многу работа. Дека многу треба да се вложи. Дека многу проекти не очекуваат да ги реализираме. Но, граѓаните веруваат во тоа што го правиме. И затоа ни ја даваат нивната доверба. Граѓаните препознаа дека се менува нешто во политиката во Македонија. Препознаа дека не сте ги изневериле нивните верувања, не сте го изневериле гласот што ви го дале пред 5 години, или на претходните избори. Знаат дека сето она што било кажано, е реализирано. Знаат дека имаме чист образ, затоа што стоиме до нашиот збор. Дека не сме давале празни ветувања, и дека не сме збореле убави зборови, тука знаат да не препознаат по нашите дела, посочи Иванов.
Додаде дека успеале да покажат дека институциите во Македонија треба да функционираат заедно и дека мора да има соработка со сите институции, како на централно, така и на локално ниво.
-Затоа го поздравувам и градоначалникот на Кочани, кој покажа како се соработува, и како се мисли за своите граѓани, како се бори да привлече странски инвестиции, кои отворат перспективи за младите на Кочани. Затоа има разлика. Разлика во Кочани. Граѓаните го препознаа тоа и го наградуваат со својот глас, рече Иванов.
Тој истакна дека кога и да се сретнувал со граѓаните тие постојано потенцирале да ја чува Македонија и д аго чува името, потенцирајќи дека граѓаните препознале дека ВМРО-ДПМНЕ работи во нивен интерес и дека се бори за Република Македонија.
-Препознаа дека сето она што е направено, економски да успее Македонија, да има просперитет во Македонија, да се отвораат нови работни места, да се обезбедува стратешка инфраструктура во земјата, нови автопатишта, нови пруги, посочи тој.
Тоа, како што нагласи Иванов, значи дека се менува Македонија, дека се градат училишта низ Македонија, дека се градат болници и дека се гради се она што е потреба за граѓаните на Република Македонија.
-Се покажа дека кога вашата доверба е во функција на просперитетот на цела држава. Покажавме дека, мора од вашите потреби, од вашите барања, да произлезат и нашите програми. Затоа поднесовме и јас и премиерот Груевски, отчет за сработеното. Но, поднесуваме и нови програми, кои произлегуваат од вашите потреби. Реални програми, кои имаат цел да ја менуваат Македонија. Но да ја менуваат на добро, истакна Иванов.
Посочи дека во Македонија постојано доаѓаат нови инвестиции, но нагласи дека за да се постигне тоа, требало да се направат многу реформи во Македонија, да се донесат многу закони, многу усогласувања, да се постигне поволен амбиент, додавајќи дека токму затоа меѓународните институции ја вреднуваат Македонија и затоа Македонија доби пет позитивни оцени за сите досегашни реформи.
-Добивме и пет позитивни извештаи од Европската комисија. И пет препораки за почеток на преговорите. А, ги исполнуваме и сите услови за да бидеме членка на НАТО. Ќе продолжиме со ист интензитет, да работиме, да ја градиме Европа во Македонија, со европски стандарди и принципи. Да направиме се, Македонија да биде членка на Европската унија. Граѓаните ја препознаваат таа нова клима на соработка, граѓаните препознаваат кога се работи во нивни интерес. Јас, за овие 5 години, покажав дека ги претставувам сите граѓани, дека сум нивниот глас, дека вашиот глас што сте го дале за мене обврзува. И затоа никогаш не правев разлика нити на етничка основа, нити на религиозна. Секогаш мојот Кабинет беше отворен. Знаевме заедно со сите етнички групи да ги прославуваме и одбележуваме нивните празници во Македонија. Како за Ромите, така и за Албанците, така за Турците, така за Власите, така за Бошњаците, за Србите, за сите. Затоа што пред 5 години, мотото на мојата кампања беше „Еден за сите“. Претседателот е тој што обединува. Претседателот е тој што ја претставува државата. И затоа овој пат, нашето мото е „Македонија ни е пред се“, државата ни е пред се“. Да имаме успешна, да имаме економски силна Македонија. Кога сме обединети и силни, тогаш и другите не почитуваат, посочи Иванов.
Тој истака дека оди по патот кој грашаните го трасираат, се со цел д аизлезе во пресрет на нивните потреби.
-Многу треба да се работи. Но покажавме како треба да се работи до успех. Но тоа ни го покажаа и нашите спортисти, на чии успеси се радуваме. Кога се работи тимски, кога се работи од срце за својата држава, тогаш е гордост да се навива за Македонија, и за спортистите од Македонија и за уметниците, и за пејачите и за научниците. Така успева Македонија, даде тој.
Иванов истака дека економскиот успех и просперитет што го имаме, овозможил во Македонија да има и повисоки плати, и повисоки пензии, да има повисоки субвенции, но и повисоки стипендии, како и да има помош за социјалните групи, кои се најзагрозени, кои биле оставени сами да се снаоѓаат долги години од мачната транзиција, потенцирајќи дека тоа граѓаните го почитуваат и го наградуваат на избори.
–Изборните кампањи ќе завршат. Спотовите што ги гледавте деновиве, ќе ги заборавите. Цела црна кампања, негативни работи ќе избледнеат. Ќе ги заборават и тие денес што ги кажуваат. Но ќе остане дадениот збор, по тоа ќе не паметите. Тоа што сме го ветиле, и тоа што за време на овие денови сме го кажале. Ние сме луѓе од збор. И држиме до тоа што сме го кажале. Затоа ќе имаме повторно чист образ, доколку ја добиеме вашата доверба, повторно да доаѓаме меѓу вас. Да доаѓаме, да честитаме за секој нов успех, на нова фабрика, на нов спортски терен, на ново училиште, на нова болница, на нов автопат, на нова улица. Затоа што тоа е за сите.Покажавме дека мора да се грижиме за секој граѓанин на Македонија. Затоа што сите сме Македонија, рече тој.
Тој повика в недла граѓаните уште помасовно да излезат на избори и да галсаат за него и за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, посочувајќи дека секој галс на грашаните даден за ВМРО-ДПМНЕ е глас за самите нив, за нивните семејства, нивните населби, нивните општини и глас за Македонија.
Вие со вашиот глас го трасирате патот за иднината на Република Македонија. Од вашиот глас зависи каква Македонија ќе имаме, заклучи Иванов од говорницата во Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ