Откако не успеа да ја убеди македонската јавност во провидната манипулација дека Груевски како опозиционер примил еден и пол милион евра поткуп за продажба на банка во времето кога на власт била СДСМ, Заев продолжи со нови проекти. Не економски или социјални, уште помалку дипломатски. Продолжи со фалсификати. Извади документи на кои се користи печат што никогаш не бил во посед на Груевски или на некој од неговите поддржувачи во периодот кога се разделуваа со Љубчо Георгиевски. Што е тоа што го прави лидерот на СДСМ толку невнимателен и неуспешен во тоа што го работи како политичар. Тој во секој случај не е наивен човек. Бизнисмен што заедно со своето семејство заработил, според сопствено признание, 6-7 милиони евра, а според финансиските извештаи 12 милиони евра, со профит од два милиона евра само во 2012 година, мора да е извонредно умен човек.
(Целиот текст
можете да го прочитате
во најновиот број на
неделникот Република (бр.86),
кој ќе биде во продажба од утре – петок, 25.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.