| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Пешевски:„Веибо груп“ ќе ја помогне текстилната индустрија во цела Македонија

Мултинационалната компанијата „Веибо груп“ од минатата година контактира со македонската Влада, а прв пат лани во декември ги донел министерот Хади Незир, по што се вклучиле Виктор Мизо и потпретседателите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, во дневникот на МРТ истакна дека за североисточниот дел на Македонија ова ќе биде значително намалување на невработеноста, но ефектите, рече, се многу пошироки.

-Ефектите нема да бидат само на североисточниот дел на Македонија, иако главно ќе бидат фокусирани на Ранковце, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Кратово и Куманово,. Нашата цел беше уште поширока. Со ова се обидуваме да го ублажиме и значително да ја зголемиме конкурентноста на целиот текстилен сектор. Самата инвестиција, она на што инсистиравме во преговорите, опфаќа и сегменти кои во моментов не се присутни во текстилната индустрија. Тука ќе има предилница, ткајачница, фарбара, производство на текстил и платно, кое другите текстилни компании низ Македонија ќе можат да го користат. Инвестицијата која ја најавивме на Дијатек, иако е од хартиената индустрија, голем дел од нивните производи се употребуваат за текстилната индустрија. Едноставно, сакаме на текстилен сектор да му обезбедиме поевтин инпут со материјали, за да целиот сектор, во целата држава, стане поконкурентен и да се создадат нови работни места во поширокиот регион, рече Пешевски.

Тој истакна дека нема да се вработуваат само текстилни работници, опсегот опфаќа и комерцијалисти, има работа за логистичките компании, сметководители, за како што рече, цел еден сектор на помошни услуги кои вработуваат високо квалификувана работна сила.

Пешевски заклучи дека од оваа инвестиција ќе живне целиот регион

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top