| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје: Не се крие оградата за мостот „Слобода“

– Оградата за мостот „Слобода“ не се крие во тајно депо, туку се доработува, објаснуваат од Градот Скопје, откако денеска градоначалникот на Центар Андреј Жерновски објави фотографии од скапата ограда и изјави дека таа намерно не се поставува додека не поминат изборите.

„Обвинувањата на Жерновски се сеење магла и потценување на граѓаните. Нема никакво тајно депо каде што се кријат делови од оградата. Наводните „тајни“ фотографии коишто ги презентираа се направени во леарницата на РЖ Институт каде што и се лие оградата“, стои во соопштението од градските власти.

Од Градот Скопје нагласуваат дека оградата ќе биде поставена веднаш штом биде завршена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top