Вечерва во Лисабон и во Севилја ќе се одиграат првите полуфинални натпревари во Лигата на Европа. Бенфика ќе го пречека, можеби, најголемиот фаворит за титулата, италијанскиот шампион Јувентус.
Бенфика оваа сезона игра одлично нема пораз на домашен терен, а во минатото коло ја освои титулата во домашното првенство. Тренерот на Бенфика, Жезус, на оваа средба нема да може да смета на повредените Салвио и Фејса, додека, пак, Јувентус ќе игра без повредениот Видал.
Севилја во шпанското полуфинале ќе ја пречека Валенсија. Оваа сезона во шпанското првенство Валенсија против Севилја освои четири од можните шест бода.
Домаќинот на овој меч ќе биде без суспендираниот Коке и повредените Морено, Кристофоро и Черишев. Поради повреди, за Валенсија нема да настапат Руиз и Алвеш, додека неизвесен е настапот на Сендерос, Фуего и на Бараган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа
-
Евра стана првиот фудбалер во Лига Европа кој бил исклучен пред натпреварот (видео)


