Вчера кандидатот за претседател предложен од СДСМ, Стево Пендаровски, два дена пред завршетокот на кампањата пред вториот круг од претседателските избори, наместо меѓу граѓаните, отишол на Косово да држел предавање, а истовремено патувањето го искористил за да се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи.
СДСМ испрати официјално соопштение дека Пендаровски на покана на Универзитетот „ААБ“ од Приштина одржал предавање на тема „Надворешната политика на Република Македонија и односите со соседните земји“ и дека остварил кратка средба со косовскиот премиер Хашим Тачи. На средбата тие разговарале за односите помеѓу Македонија и Косово, како и за прашања кои се во интерес на регионот, вклучително и евроинтеграцискиот процес на двете земји.
Многу нелогичен потег на Пендаровски и лош обид да ги „купи“ гласовите на Албанците во Македонија. Наместо меѓу своите, тој отиде на баци рака во Косово. Откако неговиот лидер Зоран Заев не успеја со СМС да го натера лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да се сретнат и да разговараат за соработка на изборите, Пендаровски отиде во соседството да моли да го убедуваат Али Ахмети да му помогне во вториот круг од овие избори. Ахмети е близок човек на Хашим Тачи. Тој му беше личен гостин на Али за прославата на Денот на азбуката. Очигледно е дека очајот на СДСМ нема крај, па со крајно недолично однесување се обидуваат да дојдат до гласовите на Албанците на вториот круг од претседателските избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.