| четврток, 6 декември 2018 |

Симон Трпчески ќе настапи во библиотеката на Конгресот на САД

simon trpceski

Mакедонскиoт пијанист Симон Трпчески денеска ќе настапи во американската библиотека на Конгресот во Вашингтон.

„Симон Трпчески, познат по својот светол звук и техничка леснотија, беше именуван за прв национален уметник на Република Македонија во 2011 година“, пишува во промотивниот материјал во пресрет на концертот на Трпчески, кој ќе се одржи во една од најдобро познатите локации на Вашингтон, јави дописникот на МИА.

Трпчески ќе настапи заедно со германскиот челист Даниел Мулер Шот. Ќе изведат дела на Бетовен, Брамс и Шопен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top