| четврток, 6 декември 2018 |

Ново разочарување: најдените остатоци не се од исчезнатиот „боинг 777“

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f

Предметите пронајдени на брегот на Австралија речиси сигурно не се од исчезнатиот малезиски авион од кого нема трага повеќе од седум недели, соопштија од австралискиот оддел за безбедност во сообраќајот.

На брегот на Западна Австралија, на околу 300 километри јужно од Перт, беа најдени неколку предмети меѓу кои и парче ламарина. Ова се сметаше како вистинска трага, но се чини дека е уште една погрешна претпоставка.

– Не пронајдовме ништо што би се поврзало со исчезнатиот авион – изјави шефот на австралискиот оддел за безбедност во сообраќајот Мартин Долан.

Австралиските власти не сакаа да откријат детали за предметите, но порачаа дека потрагата продолжува. Малезискиот министер за транспорт порака дека е потребно „прегрупирање“ и промена на стратегијата во потрагата ако во следните неколку дена не се најде авионот.

Тоа не значи дека отстапуваме, туку напротив. Можам да потврдам дека ги зголемуваме средствата што се на располагање во потрагата, рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top