| четврток, 6 декември 2018 |

Бензема му обезбеди предност на Реал против Баерн

Карим Бензема со погодок во 19. минута му донесе предност на Реал Мадрид против актуелниот европски првак Баерн, а најтрофејниот европски клуб со 9 шампионски круни ќе патува во Минхен на реваншот со резултат од 1-0.

Бензема погоди по асистенцијата на Фабио Коентрао, за потоа умешно да ја одбрани предноста во преостанатите 80-на минути. Баерн имаше привидна иницијатива, гостите изведоа дури 15 корнери, но немаа рецепт да ја пробијат одбраната на „кралевите“ и да го совладаат Икер Касилјас.

Голот на Бензема е единствен на двата први полуфинални дуели во Лигата на шампионите, откако премиерата во Мадрид меѓу Атлетико и Челси, одиграна вчера заврши без голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top