Западните сили треба да ги остават настрана разликите со Москва и Пекинг и да се фокусираат на растечката закана од радикалниот ислам“, изјави екс британскиот премиер Тони Блер на говор во Лондон на кој говореше за потребата да и се помогне на Египетската влада во борбата против „Муслиманското братство“.
„Радикалниот и исполитизираниот ислам“ треба да биде врвна агенда на светските сили, смета Блер според кого многумина на западот не сакаат да се соочат со „силите кои што ги уриваат можностите за мирна коегзистенција во ерата на глобализацијата“, рече Блер во својот говор.
Блер кој беше британски премиер од 1997 до 2007 година сега е специјален пратеник за Блискиот исток во име на четворката – ОН, ЕУ, САД и Русија.
„Какви и да се нашите разлики треба да бидеме подготвени да соработуваме со истокот особено со Русија и со Кина за да го победиме исламскиот екстремизам“, изјави Блер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


